Голема Трибина на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино

Вчера во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев”  во Неготино се оддржа голема трибина во организација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ за промоција на новите проекти за млади од кампањата Македонија за Младите.На самата трибина присуствуваа голем број на млади членови на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и заинтересирани млади од Неготино, Росоман, Демир Капија, Кавадарци и Градско. Младите можеа да слушнат и да се информираат за над 40 проекти од програмата „Македонија за младите, младите за Македонија“.
На трибината беа промовирани проектите кои се веќе во фаза на реализација се од бенефит за сите млади. Свое обраќање на трибината имаше Димче Арсовски потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ каде што се осврна на проектите кои се од значење во овој регион, а имаат корист младите луѓе.

Исто така на трибината се дискутираше и за новиот проект Македонија вработува 2 кој е продолжение на прокетот Македонија вработува каде што најголем бенефит имаа младите луѓе кои голем број од новите креирани вработувања беа токму за младите.
Интерес од страна на присутните на трибината имаше и за проктот Купи куќа за млади, за неговите услови и поволности кои би ги добиле при негово аплицирање и добивање на кредитот.
На трибината говорници беа и Јован Јаулевски, Коче Гаврилов и Ѓорѓи Крстевски, членови на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ каде што ги промовираа мерките во областа на студентскиот стандарт, спортот и културата.
Како што беше нагласено од страна на говорниците, дека во овој регион се изградени повеќе повеќе наменскиигралишта, фудбалски, тениски игралишта, спортски сали, а во план е изградба и на изгралишште за баскет, скејт парк и спортски сали со што директно се придонесува за здрав развој на младите.
Присутните на трибината дадоа свои идеи и проекти кои, како што напоменаа се од бенефит за младите.
 На самата трибина присуствуваа голем број на млади членови на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и заинтересирани млади од Неготино, Росоман, Демир Ка

Пронајдете не на следниве мрежи: