ВМРО-ДПМНЕ: Она што за СДСМ е екскурзија, за ВМРО-ДПМНЕ е одговорна работа

Екскурзии со елементи на циркуз се секојдневните патувања на Оливер Спасовски на релација Скопје-Куманово за кои се подигаат рампите на наплатните пунктови, а Оливер брза да дојде на работа за да се бламира пред целата домашна и меѓународна јавност со измислени афери од Фабриката на СДСМ, додека во меѓувреме има огромна чиста НУЛА акции во кои Спасовски спречил некој криминал, фатил криумчари на дрога или решил некој случај.Единствени акции на Спасовски во МВР се фотографирањето и комуницирањето со Чауш, противзаконското партизирање на министерството за кое заврши на суд и сериозно инфантилниот обид да биде најдолен трачарски новинар на Заев измислувајќи т.н. афера за лични карти со кои го нарушува угледот на институцијата која за жал ја претставува и угледот на Република Македонија.
На екскурзии не одат премиерот на републиката или пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои добиле мандат од народот за да работат за интересите на народот и да отворат повеќе до 150.000 работни места, да донесат повеќе од 50 директни странски инвестиции, да градат автопати, болници, студентски центри, станови за социјални случаи и да исплаќаат стотици милиони евра на земјоделците.
На екскурзии по хациендите на Егејско море и на Палма де Мајорка одат милионерите Заев и Шеќеринска, па после доаѓаат во Македонија и велат дека многу ќе се борат за средната класа која живеела во сиромаштија, одморени и свежи после десетици илјади евра скапите одмори на најмонденските места.
На екскурзии одат само пратениците од СДСМ кои иако беа избрани од народот да се борат за неговите интереси, наместо на работното место во пратеничките клупи, 15 месеци се екскурзираа по кафулиња, меани и странски одморалишта, додека без проблем си ја примаа пратеничката плата платена од граѓаните.
Овие екскурзијанти од СДСМ ја втурнаа Македонија во криза со деструкивното делување, само затоа што не можат да прифатат пораз на избори кој им е редовно доставуван од граѓаните бидејќи се неработници, лажговци и манипулатори со проѕирни и ефтини лаги.
СДСМ веќе не знае ниту добро да излаже. Порано беа покреативни и ветуваа по еден вработен од секое семејство. Денес и обидите за популистички лаги им се тажни како впрочем и целата програма која им се состои од НИШТО идеи и НУЛА проекти. Затоа Кирацовски се бори со веб-адреси, Николовски напорно се труди да личи на загрижен земјоделец, Наумов се заканува на банки, Ременски се бламира во труд и социјала, а Спасовски е циркуз сам по себе за кој требаат 5 соопштенија.
Затоа и изборите на 24 април ќе бидат екскурзија за СДСМ после која 100% повторно ќе плачат дека „учителката не ги сакала иако тие научиле се“. А ем немаат ЕДЕН проект со кој ќе се пофалат, ем немаат ни абер од идеја за проект кој би ги натерал граѓаните да се заинтересираат за нивната политичка понуда. Единствени акции на Спасовски во МВР се фотографирањето и комуницирањето со Чауш, противзаконското партизирање на министерството за кое заврши на с

Пронајдете не на следниве мрежи: