Рејчел Варман (37) земала хероин секој ден за време на бременоста- но во истата секунда кога го здогледала бебето Миа и нејзините кристални очи, животот ѝ се променил за 180 степени.Околу 19 месеци, Рејчел е „чиста“ и станала дури и ментор во центарот против алкохол и дрога.
„Кога Миа се роди, почнав неконтролирано да плачам и не можев да престанам да ѝ се извинувам. Бев загрижена, се плашев дека социјалиот центар ќе ми ја земе доколку забележи дека моето дрогирање оставило некаква трага на неа. Но со неа се беше во ред. Не можам да верувам дека користев хероин за време на бременоста, не сакав да ја изгубам“, рекла Рејчел, која пред Миа го добила и синот Конор.
Рејчел се обидела да користи метадон за време на бременоста, но не ѝ бил доволно силен.
„Не можев да спијам за време на бременоста, така што користев хероин мислејќи дека ќе ме успие, но не.
Знаев и да врбризгам хероин штом ќе се разбудам и така останував во кревет цел ден. Се случуваше и да не одам на доктор бидеќи не можев да станам од кревет колку што бев предозирана. Докторите беа многу загрижени и кога ќе го вратам филмот, беа дефинитивно во право.
Останатите мајки ме набљудуваа како да сум најужасната личност на светот, но кога денес ќе погледнам, и јас исто така би гледала да бев на нивно место. Својот последен хероин го земав на денот на породувањето“.
Рејчел станала зависник на 18 години, кога се вљубила во погрешна личност.
„Да не го запознаев веројатно не би станала зависна така брзо и така рано. Ми недостига моето детство“, вели таа.
Прочитајте поради која причина овие деца насмеани се фотографирале покрај нивниот мртов татко
Рејчел забременила кога наполнила 21 година, а нејзиниот син Конор е роден како здраво бебе. На кратко престанала да се дрогира, но повторно почнала.
Знаела да троши и по 50, 60 фунти дневно, не чистела низ дома, немала пари за храна, работи за бебето, подоцна не можела да стане од кревет и да го одведе синот на училиште.
„Не можам да се сетам на конор кога беше мал и се чувствувам многу лошо поради тоа. Сега гледам во Миа и не можам да се сетам на работите кои Конор ги правел во тоа време“.
Конор некое време живеел кај своите баба и дедо, но кога се родила Миа и тој се вратил дома.
По шест месеци од раѓањето на Миа, социјалната служба не можела да верува дека Рејчел толку се променила, а нејзиниот случај бил веднаш затворен.
Денес работи во Центарот против дрога и алкохол и им помага на младите лица да не прават грешки кои таа некогаш ги правела.
„Кога ќе помислам на минатото, се чувствувам лошо. Но минатото е минато, не може да се промени. Важно е да се фокусирам на миа и Конор и на нивната иднина“, истакнала Рејчел.Околу 19 месеци, Рејчел е „чиста“ и станала дури и ментор во центарот против алкохол и дрога.
„Кога Миа се роди, по



