Ед и Кристи се вљубиле еден во друг уште кога имале осум години. Нејзината селидба во друг град спречила нивната љубов да цвета, но денес цел град зборува за нив.Некогаш одамна, во училишната 1986-1987 година, се родила љубовта помеѓу Едвард Хемс и девојчето Кристи Јанг. Оделе во исто училиште во Рандолф, поточно во исто одделение. Љубовта помеѓу нив веднаш се родила, уште кога имале осум години. Оделе со ист автобус на училиште и дома, но освен гледање, други контакти помеѓу нив немало.
Кристи после некое време се преселила во Честер, град покрај Рандолф, годините минувале, а тие не оствариле никаков контакт.
Така било се до 27-ми август 2009 година кога нивна пријателка од одделението Елен објавила фотографија на Фејсбук.
Многумина биле обележани на фотографијата, така што коментарите секојдневно се ределе. Ед не знаел дека сите обележани ќе го видат неговиот коментар за детската љубов: „Кристи Јанг (ја сакав)“.
Кога се видело дека сите, вклучувајќи ја и Кристи го виделе неговиот коментар ѝ признал дека му е многу непријатно поради тоа.
За среќа таа позитивно реагирала па во коментар напишала дека е „почестена што има додворувач“.
„Мислев дека моите коментари ќе ги види само личноста која ја објавила фотографијата. Мислев дека нема шанси Кристи да го види тоа. Од тој коментар почнавме секојдневно да се допишуваме на Фејсбук, се додека еден ден не ја прашав дали сака да излезе со мене на состанок“, вели Ед.
Верзијата на Кристи за нивната приказна се поклопува со неговата.
„Прво станавме пријатели на Фејсбук, а потоа една вечер почнавме да се допишуваме. Пишувавме до доцна, се додека не ме покани на состанок. Малку се шалев со него поради тоа што му требаше толку време за да ме покани“, истакнала Кристи.
„Нашиот состанок повеќе изгледаше како средба на свајца стари пријатели кои со години не се виделе“, вели Кристи.
„Нашата прва средба беше малку чудна. Беше бучно во кафулето во кое бевме… не знаев дали ќе пие, дали ќе ѝ се допадне местото или за што би можеле да разговараме. Но откако малку се опуштивме, веднаш сфативме дека сме еден за друг. Се она што што го мислев и чувствував за неа кога бевме деца, го чувствувам и денес, но секако љубовта е тотално поинаква кога имаш 8 и кога имаш 38“, додава Ед.
Излегувале постојано и така се забавувале две години, додека еден ден Хемс не ја запросил- и тоа токму во училиштето каде што се родила нивната љубов.
„мораше да излезе порано од работа и да се најде со мене пред училиштето. ѝ кажав дека мораме да се најдеме со некој и да го оставиме автомобилот кај мајка ми. Кога стигнавме до училиштето влезната врата беше затворена, бев нервозен поради тоа. Она што сакав да го кажам не беше кажано онака како што планирав, само излета од мене, но поентата беше иста“, вели Ед.
Ед и Кристи се венчале на 28-ми декември 2013 година и денес имаат бебе, Емили Грејс која има 16 месеци.Некогаш одамна, во училишната 1986-1987 година, се родила љубовта помеѓу Едвард Хемс и девојчето Кристи Јанг. Оделе во исто училиште во Рандолф, по



