Исповед на еден татко: Мојот син е мал тиранин!

Стјуарт Хертаџ е блогер кој најчесто пишува за филмската уметност за телевизијата и музиката. Тој неодамна го добил првото дете, син, па во таа прилика напишал два текста за него. Во вториот текст пишува за тоа колкава промена му донел синот и колку го „мразел“ првата ноќ.Мојот син е стар само недела дена и се уште не знам кој е тој. Тоа е разбирливо, бидејќи е премногу мал за да ја покаже својата личност.
Во овој стадиум јас на себе не гледам како на родител туку како на вработен во Херитаџ џуниор индустријата. Мојот син, просто речено, е тиранин. Тој постојано има барања, без разлика на тоа  кое доба од денот е. Доколку не го храниме, тогаш го преслекуваме. Доколку не е тоа, тогаш го возиме во количка низ собата очајнички надевајќи се дека ќе престане да плаче. Барем на момент.
Повеќе не спиеме како што треба. Толку се исплашивме кога го добивме што заборавивме на своето здравје, а тој постојано сака да бидеме покрај него.
Не убедуваат дека ќе помине. А до тогаш јас и сопругата се менуваме – таа спие два часа, па јас, а другиот за тоа време е со него. Постојано сме уморни. Премногу уморни да зборуваме, па само мрмориме.
Неговата прв ноќ дома беше најужасна. Дури тогаш се соочив со реалноста- ме тресна по чело и се соочив со фактот дека во домот имаме новороденче кое нема да престане да вреска. Помислив дека сето тоа е една голема грешка. Дека јас не сум способен да бидам татко, посебно не татко на ова розово суштество. Посакав да избегам.

Се обидовме со се, но тој продолжуваше да плаче. Се чувствував како да стојам покрај нуклеарна бомба и не знам како да ја деактивирам. Тоа беше ужасен момент, го мразев бебето, се мразев себе си и ми беше мака од помислата дека морам да го правам тоа до крајот на животот.

Но сега учам дека  да се биде родите е еден вид на љубов. Љубовта едноставно ви се пика под кожа кога нема да внимавате. Следното утро, исцрпен, седнав со бебето на софата, го пуштив радиото и се подготвив за најлошото.
И потоа тој се насмевна
Мислам, не се насмевна навистина. Имаше само три дена. Но тоа беше посебен израз на лицето. И мене сосема доволен за да заклучам дека ми се насмевна. Самиот поглед ми го стопи срцето. Тоа ме потсети дека тој е мој син, а не само терорист. Таа насмевка беше доволна за да ми даде сила да ја поминам следната ноќ и таа по неа.Мојот син е стар само недела дена и се уште не знам кој е тој. Тоа е разбирливо, бидејќи е премногу мал за да ја покаже својата личност.
Во

Пронајдете не на следниве мрежи: