Бизарен оглас: Се бара крв од девици!

Универзитетската болница за лекување на рак во Пекинг објавила оглас во кој бара крв од девојки на возраст меѓу 18 и 24 години, кои никогаш немале сексуален однос.Иако барањето изгледа бизарно, лекарите објаснуваат дека крвта од девиците ќе им помогне во истражувањата кои се однесуваат на хуман папилома вирус (ХПВ)Огласот предизвикал негативни реакции во кинеската јавност, а една револтирана корисничка на социјалните мрежи напишала: „Се бараат женски девици, но не и машки. Како тоа може да биде наука?“
Сепак, лекарите уверуваат дека крвта од девиците им е потребна за наоѓање нови методи за лекување на ХПВ, кој најчесто се пренесува преку сексуален однос.
– Нашата постапка е согласно меѓународната пракса. Крвта од девиците се користи како негативна  контролна супстанца во истражувањата поврзани со ХПВ, бидејќи жените кои немале сексуални односи имаат многу мал ризик да се заразат, објаснува портпаролката на болницата Гуан Џупинг.
Како што пренесуваат медиумите, веќе 50 девици донирале крв за медицинските цели.
Извор: think.mkИако барањето изгледа бизарно, лекарите објаснуваат дека крвта од девиците ќе им помогне во истражувањата кои се

Пронајдете не на следниве мрежи: