АНОНИМУСИ ТВРДАТ: Спречивме терористички напад во Италија!

Хакерите од групата „Анонимуси“ соопштија денеска дека спречиле терористички напад на Исламската држава во Италија, благодарение на фактот дека по нападот во Париз ги интензивирале хакерските активности против џихадистите.Хакерите од групата „Анонимуси“ соопштија денеска дека  спречиле терористички напад на Исламската држава во Италија, благодарение на фактот дека по нападот во Париз ги интензивирале хакерските активности против џихадистите.
„Овој месец  работиме во тишина. Ние веќе го спречивме нападот на ИС во Италија и се надеваме дека ќе ги спречиме и другите“  објавија „Анонимуси“ на Твитер профилот „Операција во Париз“(#OpParis), а пренесува „Дејли мејл“ .
„Анонимуси“” ветија дека ќе ги прогонуваат џихадистите на интернет по терористичките напади што се случија минатиот месец во Париз, каде загинаа 130 лица.
Не се објавени повеќе детали во врска со планираниот  терористички напад во Италија.
Експертите предупредуваат дека социјалните медиуми се едни од најмоќните оружја во рацете на ИС, со кои се комуницира со џихадистите поддржувачи од целиот свет.
Активистите собрани во групата „Анонимуси“ неодамна објавија листа на Твитер сметки, од каде се шири џихадистичка пропаганда.
На „Операција во Париз“, „Анонимуси“ ги повикуваат своите членови да ги пробиваат сајтовите на ИС, за да се украдат важни информации и да се објават на интернет.
„Анонимуси“ во почетокот на декември лансираат голем сајбер напад во Турција, обвинувајќи ги лидерите на земјата за поддршка на Исламската држава.Хакерите од групата „Анонимуси“ соопштија денеска дека  спречиле терористички напад на Исламската држава во Италија, благодарение

Пронајдете не на следниве мрежи: