СТИГНА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Можни се бомбашки напади за Нова година во…

Виенската полиција денеска соопшти дека разузнавачката служба предупредила голем број европски престолнини дека се можни пукотници или бомбашки напади во Европа пред Нова година, поттикнувајќи ја полицијата низ дел од континентот да ги засили безбедносните мерки.„Споменати се неколку имиња на потенцијални напаѓачи што се проверени и истрагата врз основа на тие проверки досега не даде конкретни резултати“, вели виенската полиција во соопштението, шест недели по нападите на исламските милитанти во Париз во кои загинаа 130 лица.
„Неколку дена пред Божиќ пријателски (разузнавачки) служби испратија предупредување во повеќе европски метрополи дека може да дојде до напади со експлозиви или оружени престрелки меѓу Божиќ и Нова година на местата со многу луѓе“, се вели во соопштението.
Се предупредува на повисоко ниво на закана од „општото неодредено“ ниво што беше наведувано претходно, рече виенската полиција и побара од Австријците разбирање поради зголемената контрола.
 Дополнителните безбедносни мерки вклучуваат следење на местата каде што се собираат многу луѓе, „особено на манифестации и транспортни центри“, како и зголемена контрола на идентитетот и зголемена претпазливост кон нешта во кои може да се носат експлозиви, како што се торби или „велосипедски корпи“, се вели во соопштението.„Споменати се неколку имиња на потенцијални напаѓачи што се проверени и истрагата врз основа на тие проверки досега не даде конкретни резулта

Пронајдете не на следниве мрежи: