Дете со пиштол во градинка

6 годишно момче во сојузната држава Масачусетс во САД е обвинето дека внело пиштол во автобус кој превезувал деца во градинка. На детето му била одредена дисциплинска мерка писмено да се извини до возачот на автобусот, како и забрана да се вози во него.
Според возачот на училишниот автобус, кога шестгодишниот Крејн влегол, друго дете почнало да вика дека носи пиштол, по што настанала голема паника.
Откако мајката на Мике Крејн се побунила, управата одлучила да го прегледа видео материјалот од автобусот. Можеле да видат дека се работи за пластична играчка и дека детето ја подигнало раката и со смирен тон му кажало на возачот дека носи играчка- пиштол. Во автобусот воопшто не настанала паника или било какво вознемирување.
Мајката на детето била револтирана од првичната дисциплинска мерка за нејзиниот син, но по нивното укинување се изјаснила дека е задоволна и дека нејзиното дете е среќно бидејки не е казнето.
„ Невозможно е да му се објасни на дете од 6 години за „нула толеранција за оружје“ и поврзаноста со овој случај. Сега казна ќе сноси возачот на автобусот, додека пак училиштето праќа писма заедно со слика од „оружјето“ до сите родители на децата во градинката дека не е тоа што помислиле“- изјавила мајката на обвинетото дете.6 годишно момче во сојузната држава Масачусетс во САД е обвинето дека внело пиштол во автобус кој превезувал деца во г

Пронајдете не на следниве мрежи: