Доколку сакате чоколадо, ви предлагаме чоколаден десерт со кикиритки
Состојки:
200 гр мелени какао бисквити
100 гр кикирики
100 гр путер
прстофат сол
1 банана
150 гр чоколадо
300 гр крем сирење
100 гр шеќер во прав.
300 мл слатка павлака
бело чоколадо за декорација
Подготовка:
Кога ќе ги испржите кикириките, потоа изблендирајте ги.Измешајте ги кикириките со мелените бисквити и додадете го растопениот путер.
Добро соединете и истурете во калап со пречник од 18 см кој сте го обложиле со хартија за печење (и по рабовите) Смесата притиснете ја на дното и на рабовите.
Потоа смесата ставете ја во фрижидер.Слатката павлака (200 мл) изматете ја со шеќер во прав и со миксер измешајте ја со изматениот крем.
Треба да поделите три еднакви дела.Првиот дел од филот ставете го преку основата, па додадете ја бананата која е веќе исечена на кругови.
Преку него се става вториот дел од филот, се топи чоколадото со слатката павлака, па се посипува врз филот.
Кога смесата малку ќе се стегне, ставете го преостанатиот дел од филот, но и чоколадната глазура.Изрендајте ја белата чоколада, па поросете ја преку колачот.
Вашиот десерт е готов.