Не знаев дека можам да го направам тоа“, напиша таа
Девојката која редовно користи Тикток доживеала, како што истакнува, едно од најголемите изненадувања, кога добила сметка откако го прославила роденденот во ресторан. Проблемот не бил во нарачаната храна и торта, туку во дополнителната услуга што и ја наплатиле.
Имено, за сечењето на тортата во ресторанот наплатиле дури 23 евра, а тортата на девојката и ја донеле нејзините пријатели.
ТикТокер објави видео на кое ја покажа сметката и јасно се гледа ставката „сечење на тортата“ и цената од 23 евра.