Јас сум обесправениот Македонец од Егеј, Желево, Леринско. Ќе ви зборувам како еден гол Македонец ,измиен,исчистен од сите туги влијанија. Ќе ви зборувам и не се плашам од никого. Ниту од српските, ниту од бугарските, ниту од грчките шовинисти. Што повеќе ќе ми сторат? Ќе ме тераат од мојата земја? Ќе ми ги забрануваат националните и човекови права? Ќе ме тепаат/Ќе ме мачат? Ќе ме колат? Се можат да ми прават, ама не ќе може да ме изедат. Ќе зборувам и вистината ке ја кажувам насекаде и на секој кој ќе сретнам.Маките што ги доживеав, маките што ги истрпив, трагедијата што ја истрга и што ја трга мојот народ со зборови не се докажува, е многу голема, тешка, е многу страшна, како некоја бура и крена се, дрва, куки, луѓе и деца оддели од мајки.
Јас не барам туѓа земја јас ја барам мојата земја, она што ми припага, што е наше, убаво и мило, она што ни го окупираа и прекрстија, јазикот, песната, орото македонско што ни го забрануваат ,јас си ги барам човечките права,си ја барам слободата.
Цврст како камен се сторив,солзи не капат од моите очи, капнав да се бранам од грчките шовинисти кои ја напагаат македонската нација, македонскиот народ и нашето постоење.
И ние сме луге родени од мајки, не паднавме од небо и се најдовме во територијата македонска.
Нашите дедовци и прапрадедовци со илјади години живееја во Македонија се бореа, ја бранеа и умреа за слободата на Македонија.
Денес на Македонецот му е потребно да му се слушне гласот посилно и подалеку од било кога досега,за да му донесе крај на грчката шовинистичка пропаганда која работи отворено по сите меридијано во светот, против македонската нација, против македонскиот народ, против македонското постоење.
Пишува Олга РистескаМаките што ги доживеав, маките што ги истрпив, трагедијата што ја истрга и што ја трга мојот народ со зборови не се докажува, е мно