На Олимписките игри во Рио, спринтерот Јусеин Болт ја продолжи доминацијата во најбрзата трка. Тој ноќеска во финалето на 100 метри истрча 9.81 секунда и го освои златниот медал.За Јамајчанецот ова беше седмо најсјано одличје од ОИ и трето од најкусите трки. Претходно победи и во Лондон (2012) и Пекинг (2008 година).
Второто место и сребрениот медал се за Американецот Џастин Гетлин, кој зад победникот беше побавен за девет стотинки.
На третата позиција и до бронзениот медал стигна Андре де Грасе од Канада со време 9,91 секунда.
Финална трка се трчаше и на патеката од 400 метри. Нов светски рекорд постави Вејд ван Никерк од Јужна Африка истчувајќи време 43.03 секунди со што за 15 стотинки го сруши досегашниот рекорд поставен од легендарниот Мајкл Џонсон пред 17 години.
Второто место му припадна на Кирани Џејмс од Гренада (43,76 секунди), а трет беше Лешон Мерит од САД(43,85 секунди).За Јамајчанецот ова беше седмо најсјано одличје од ОИ и трето од најкусите трки. Претходно победи