Десет луди и неверојатни факти кои се вистинити!

Дали знаете која била првобитната намена на хероинот и дека постоел агент кој го одликувале и нацистите и сојузниците? Прочитајте кои 10 факти звучат лудо и неверојатно, но сепак се вистинити!1. Бангладеш има повеќе жители од Русија
Русија се простира на девет временски зони и има површина поголема од планетата Плутон. Иако Русија е најголемата земја на светот, малечкиот Бангладеш има повеќе жители. Во него живеат 156 милиони жители, додека Русија ја населуваат 143 милиони.
2. Измамник скоро двапати ја продал Ајфеловата кула
Виктор Лустинг важи за еден од најголемите измамници во историјата. Имено, читајќи за тоа како Ајфеловата кула рѓосува и дека трошоците за одржување се високи (а и било предвидено кулата да стои само 20 години), Лустинг добил идеја да ја продаде. Тој успел да ги убеди најголемите градски трговци со метал дека директорот на владата има тајна задача да ја претвори кулата во старо железо. Тој изнајмил лимузини и ги провозел низ градот. Едниот од трговците бил толку убеден во оваа теорија, што му платил 70.000 долари за да ја добие работата. Веќе наредниот ден, Лустинг избегал во Австралија. Тој уште еднаш се обидел да ја направи истата работа, но поради преголемиот страв се откажал.
3. Во мозокот има повеќе синапси (нервни споеви), отколку ѕвезди во нашата галаксија
Астрономите проценуваат дека во Млечниот Пат има 200 милијарди ѕвезди. Но, неврохирурзите велат дека бројката на синаптичките врски во мозокот на тригодишно дете се блиску до еден трилион!

4. Во близина на Џорџија се наоѓа изгубена нуклеарна бомба
Пилот на американската воздхуопловна единица на 5 февруари 1958 година, испуштил нуклеарна бомба во близина на брегот на сојузната држава Џорџија. Морнарицата со месеци го пребарувала морето, но бомбата не била пронајдена. Министерството за одбрана потврдило дека бомбата била „целосно опремена“, односно дека содржела ураниум и плутониум.
5. Периодот на животот на Клеопатра и е поблизок на првата зграда на „Пица Хат“, отколку на добата на пирамидите
Изградбата на познатите египетски пирамиди во Гиза почнала околу 2550 година п.н.е, а траела до 2490 година п.н.е. Клеопатра е родена во 69 година п.н.е, а умрела во 30 година п.н.е. Првиот „Пица Хат“ е отворен во 1958 година во Канзас, што значи дека отворањето на познатиот синџир пицерии е за околу 500 години поблизок до Клеопатра од пирамидите.
6. Северна Кореја и Финска технички ги разделува само една држава
Русија со Северна Кореја на исток делат граница која е долга 25 километри, по текот на реката Тумен, додека Русија и Финска на запад ги дели граница со должина од околу 1.350 километри. Така, помеѓу Финска и Северна Кореја стои само Русија.
7. Две лица загинале порад пуштање на милион ипол балони на добротворен настан
Ова се случило на Балонфестот, кој бил организиран во 1986 година во Кливленд. Иако се предвидувало дека настанот ќе биде безопасен, балоните предизвикале големи проблеми. За жал, поради нив двајца морнари биле удавени.

8. Хероинот некогаш се користел за лечење на кашлица кај децата
Германската фармацевтска куќа Баер, која произведува аспирин, го комерцијализирала хероинот во 1890 година како лек кој лечи кашлица, настинка и болки. Она што е шокантно е дека во 1912 година било дозволено да го користат и децата.
9. Го одликувале и Алијансата и Нацистите
Шпанецот Џон Пијол Гарсија за време на Втората светска војна работел како двоен агент – и за нацистите и за сојузниците. Прво дошол кај сојузниците за да работи за нив, но бил одбиен, па создал лажен идентитет и почнал да „работи“ за нацистите, давајќи им лажни информации. Нешто подоцна, тој бил примен да работи како двоен агент за Алијансата. Заедно со својот колега МИ5, креирале мрежа од 27 фиктивни агенти, преку кои земале плата од нацистите. Гарсија подоцна бил одликуван со Железен крст од Германците, а британската империја го одликувала со највисокото одликување.
10. Харвард е основан пред откривањето на дигитронот
Харвард е најстарата всиокообразовна институција во САД, основана во 1636 година. Дигитронот е откриен дури 50 години подоцна, благодарејќи на Готфрид Лајбниц и неговата „Нова метода“, во 1684 година.1. Бангладеш има повеќе жители од Русија
Русија се простира на девет временски зони и има површина поголема од планетата П

Пронајдете не на следниве мрежи: