Верувале или не: Вакцината против ракот се крие во мачешкиот измет!

Опасниот паразит од цревата на мачката, кој кај лицата со послаб имунитет може да предизвика токсоплазмоза, наскоро би можел да претставува лек против малигните заболувања.Една третина од светската популација се заразени со паразитот toxoplasma gondii, кој го пренесуваат мачките. Иако во поголемиот дел од случаите не доаѓа до силна инфекција, бебињата, малите деца, старите луѓе и луѓето со ослабнат имунитет би можеле да умрат од овој паразит.
Меѓутоа, научниците тврдат дека се на пат да го репрограмираат овој паразит, така што тој не би ги напаѓал клетките од нашиот имунолошки систем, туку само клетките на ракот и тоа според принципот „тројански коњ“.
„Гледајќи од биолошката страна, ние знаеме дека овој паразит има моќ да го стимулира оној имунолошки одговор кој ние би го посакале, со цел да го победиме ракот“, соопшти авторот на истражувањето, Девјид Бзик од Универзитетот Дартмут.

Секако дека би било ризично на заболените од рак да им се вбризгува оваа опасна протозоа, па затоа експертите сега го истражуваат најдобриот начин да го модифицираат клучниот ген на паразитот (СРЅ), така што тој не би бил смртно опасен за пациентите.
Според предвидувањата, вакцината против ракот би била персонализирана за секој пациент. Правилата би биле такви што би се земале здравите клетки од заболениот,а потоа во таа клеточна структура би го населиле паразитот и на тој начин би добиле позитвен имунолошки одговор. Тогаш, тој паразит кој сега веќе се навикнал на конкретниот организам, би го вратиле во организмот на заболениот и тој понатаму би се борел со малигнитетот.
Екпериментите со глувците покажале дека паразитот успешно го совладува туморот на јајниците, но и опасниот рак на кожата, малигниот меланом.
Да се надеваме дека ќе им успее!Една третина од светската популација се заразени со паразитот toxoplasma gondii, кој го пренесуваат мачките. Иако во поголемиот дел од случаите не

Пронајдете не на следниве мрежи: