Агенцијата за електронски комуникации во дневните весници објави Јавен оглас за именување на директор

Агенцијата за електронски комуникации во дневните весници објави Јавен оглас за именување на директор на АЕК.Условите што треба да ги исполнува кандидатот за да може да биде именуван за директор на Агенцијата за електронски комуникации се следните:
-Да биде државјанин на Република Македонија,
-Во моментот на именувањето со правосилна судска пресува да не му биде изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
-Активно да го користи македонскиот јазик,
-Една година пред денот на објавување на јавниот конкурс да не биде вработен кај оператор,
-Да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование од областа на електротехничките науки, информатиката, правото или економијата,
-Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
            -ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
            -ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
            -ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English; Legal) – најмалку Б2 (В2) ниво,
            -ФЦЕ (FCE) (Cambridge English; First) – положен,
            -БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода,
-АПТИС (APTIS) – најмалку Б2 (В2) ниво.
-Да има положено психолошки тест и тест за интегритет
-Да поседува сертификат за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

Потребни документи што се доставуваат со пријавата по јавниот конкурс се следните: потврда за државјанство издадена од надлежен орган на РМ (не постаро од 6 месеци), потврда од надлежен орган на РМ за неизречена мерка забрана за вршење на професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци), диплома од високо образовна институција или Уверение за положени испити стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен на образование од областа на електротехничките науки, информатиката, правото или економијата. Кратка биографија (CV) во која е објаснето соодветното претходно работно искуство во областа на електронските комуникации и претходните вработувања со потврди од работодавачот.
-Меѓународно признат сертификат за уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од 5 години:
-ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода,
            -ИЕЛТС (IELTS) – најмалку 6 бода,
            -ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English; Legal) – најмалку Б2 (В2) ниво,
            -ФЦЕ (FCE) (Cambridge English; First) – положен,
            -БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода,
-АПТИС (APTIS) – најмалку Б2 (В2) ниво.
-Потврда од надлежен орган за положен психолошки тест и тест на интегритет (не постара од 6 месеци),
-Сертификат за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
Рокот за доставување на пријави со потребните документи е триесет (30) дена од денот на објавувањето на огласот. Со пријавените кандидати што ги исполнуваат условите и кои што имаат доставено навремена и комплетна документација ќе биде извршено интервју, во рок од седум работни дена од последниот ден на рокот определен за доставување на пријави во претходниот став.
Кандидатите се должни пријавата со потребната документација да ја достават по пошта или лично во архивата на Агенцијата за електронски комуникации на следната адреса: Агенција за електронски комуникации со назнака за јавен оглас бр. 1102-20/8, кеј „Димитар Влахов“ број 21, 1000 Скопје, Република Македонија.Условите што треба да ги исполнува кандидатот за да може да биде именуван за директор на Агенцијата за електронски комуникации се следните:

Пронајдете не на следниве мрежи: