Ако лажете некој, лажете го попладне- тогаш е најлесно

И нашето чувство за чесност се заморува. Во попладневните часови полесно е да се излаже некој. Зошто?Од попладне, па натаму „моралниот компас“ се заморува и тогаш полесно ни е да излажеме некого. Резултатот од истражувањето на „Харвард“ и на Универзитетот во Јута е изненадувачки, а објавен е во научното списание „Психолошки науки“.
Истражувањето е вршено во четири различни фази. Во првите две од студентите се барало да идентификуваат точен број точки што се појавувале на левата и на десната страна од екранот.
Потоа учениците „се наградувани“ врз основа на тоа кој ќе изјави дека ја завршил задачата (а не врз основа на точноста на одговорот) и добивале повеќе пари ако одговореле дека виделе повеќе точки на десната страна.

 
Во преостанатите две фази учествувале испитаници од сите делови на САД, благодарение на интернет-страницата „Mechanical Turk“ на Амазон, сервис што прави анкети на интернет.
Учесниците во првата група требало да испратат вистински или лажен мејл на виртуалниот партнер, а за тоа добивале 25 центи (за искрени пораки) или 50 центи (за измислени). Втората група решавала виртуелна сложувалка во замена за пари, кои ги добивал секој што ќе изјави дека ја завршил задачата (а не оној што навистина ќе ја заврши).
Се покажало дека на сите учесници им било полесно да излажат попладне, а тоа им се случувало пред сè на оние што себеси се карактеризирале како чесни и дека имаат чувство на вина кога мораат да лажат. Оние што пред испитувањето рекле дека немаат проблем да излажат, биле помалку чувствителни на „ефектот од попладнето“ и лажеле без исклучок, и пред и попладне.Од попладне, па натаму „моралниот компас“ се заморува и тогаш полесно ни е да излажеме некого. Резултатот од истражувањето на „Ха

Пронајдете не на следниве мрежи: