ДАРКО ГЛИШИЌ: Дамите се како цветови, треба да ги полеваш со вода доколку сакаш да бидат свежи и убави!

Дарко Глишиќ е младиот македонски фудбалер за кој допрва ќе се слуша и пишува  низ историјата на Македонија. Тој тренира фудбал уште од осумгодишна возраст, во фудбалската школа на ФК „Вардар“ од Скопје. Зад себе има многу успешни периоди што му помогнале полека да ја оствари позицијата во која се наоѓа сега и која цели да ја надогради. Позитивен, пријатен и вистински џентлмен. Во ова издание на модниот проект „Fashion in Skopje“, наш драг пријател и гостин е Дарко Глишиќ.Дарко Глишиќ е младиот македонски фудбалер за кој допрва ќе се слуша и пишува  низ историјата на Македонија. Тој тренира фудбал уште од осумгодишна возраст, во фудбалската школа на ФК „Вардар“ од Скопје. Зад себе има многу успешни периоди што му помогнале полека да ја оствари позицијата во која се наоѓа сега и која цели да ја надогради. Позитивен, пријатен и вистински џентлмен. Во ова издание на модниот проект „Fashion in Skopje“, наш драг пријател и гостин е Дарко Глишиќ.
 
Н.С.: Колку е остварливо да се биде фудбалер, особено во Македонија?
Д.Г.: Остварливо е бидејќи дефинитивно клубот Вардар е на иста рамнина со многубројни европски клубови и условите кои ги имаме се навистина на ниво кој секој фудбалер би ги посакал. Играш во својата држава, а сепак ги имаш условите како да си надвор од Македонија.
Н.С.: Ти си Вардарско дете. Зошто токму овој клуб е посебен за тебе и со што би ги убедил младите кои имаат желба да станат фудбалер, да бидат дел од Вардар?
Д.Г.: Условите кои ги нудат, пред се професионалноста на стручниот тим , напорите и залагањата од структурата на сите вработени…Иднината на фудбалот на помладата генерација, верувам дека ќе излезе токму од овој клуб, бидејќи се вложува во секој играч, тренинзите се напорни, но само така може еден фудбалер да придонесе во градењето на својата кариера. Строго, но пред се` професионално!

Н.С.: Кој е најдобриот момент во твојата кариера до сега?
Д.Г.: Има повеќе такви моменти, но сепак натпреварот што го одиграв по паузата на тешката операција што ја имав на ногата, можам да кажам дека ми беше еден од последните убави моменти. Тоа е чувство кое не може да се опише.
Н.С.: Колку животот ти се промени тебе откако заплива во фудбаските води, а колку луѓето околу тебе се променија кога видоа дека полека го остваруваш својот сон?
Д.Г.: Израснат сум од мали нозе со фудбалот, така што не би можел да кажам колку животот ми се промени бидејќи тоа е тековно со години. Имам многу пријатели, но многу малку луѓе на кои навистина им верувам и можам да се потпрам на нив. Има завист, не велам не. Но, јас не се замарам со такви работи, бидејќи навистина не ме интересира. Гледам за себе и за својата кариера да ми оди во нагорна линија, напорно тренирам и вложувам, а за зборувањето воопшто не ни сакам да размислувам.

Н.С.: Важиш за дечко кој секогаш знае да ја исцрта насмевката на својот лик. Како успеваш и покрај тоа што знаеш дека завидливи очи гледаат во тебе? Која е тајната на одржување позитивна енергија која ја шириш меѓу луѓето?
Д.Г.: Да, секогаш сум со насмевка на лицето. Едноставно ја имам на себе и можам да кажам дека ми е заштитен знак  (се смее). Во принцип сум позитивен лик и сакам да ширам позитивна енергија. Имам многу дебели живци и треба навистина многу за да може да се изнервирам. Од секое лошо, од секоја неубава ситуација сакам да го извлечам најдоброто. Животот е еден и треба сите да се стремиме да го живееме поубаво. Да помогнеме ако можеме на секого, а не да одмагаме и правиме лошо. Оној кој што треба да ни суди е само тој горе, Господ,  а ние треба само да шириме љубов и добрина меѓу нас.

Н.С.: Дарко, добредојде во модниот проект „Fashion in Skopje“. Навистина ни е драго што си дел од него и што ќе можеме да разговараме на тема што не ја опфаќа главната причина зошто Дарко Глишиќ  е познат на сите. Очигледно внимаваш на својот изглед, меѓутоа колку очекуваш и` понежниот пол да внимава на себе? Дали има граници до каде треба да се оди?
Д.Г.: Секој човек треба да внимава на себе. Без разлика дали е машко или женско. Се трудам колку што можам да ја пратам модата, но не по секоја цена. Сакам да изгледам убаво и најважна ми е хигиената. Нешто што никогаш не ми било јасно е како може да постојат луѓе кои не се грижат или не обрнуваат внимание на себе и не се грижат за својата хигиена. Тоа е основното нешто на кое што секој треба да обрне внимание, а после тоа изгледот на себе. Не треба да ја пратиш модата и да си облечен по најновите трендови, тоа е всушност смешно. Тоа е исто однадвор да се како бомбони, а всушност внатре расипани.
Н.С.: Обично велат дека џентлемните се препознаваат по постапките кои ги прават кон понежниот пол. Како на пример, отворање врата, бакнување рака, поклонување пред други, безброј комплименти упатени кон нив за да се чувствуваат поубаво. Живеат ли се` уште џентлмените во Скопје и дали ти себеси се гледаш во оваа група господа?
Д.Г.: Да , постојат и јас сум се` уште еден од нив. Отворам врата, потргнувам столче, знам да подарам некогаш кога е потребно нешто во знак на внимание. Тоа се манири кои треба да ги применува секој маж. Дамите се како цветови. Треба да ги полеваш со вода доколку сакаш да бидат свежи и убави.
Н.С.: Според тебе, што се треба да поседува една девојка за да и ја дадеш титулата на дама?
Д.Г.: Дама треба да е девојка која знае како да се однесува секаде и со секого. Да има манири на која секоја друга би требала да се огледа. Да внимава на себе и на својот изглед. Со еден збор да ги истакне своите доблести, а умешно да ги скрие своите маани.
Н.С.: Можеш ли да ни дадеш пример, како твоите врсници се однесуваат кон понежниот пол и што тие обично коментираат кога ќе дојде ваква тема на разговор?
Д.Г.: Повеќето од моите пријатели се трудат да бидат џентлмени, но не сме сите исти. Секогаш има исклучоци, ама се согласуваме без оглед на тоа, што и да се случи, треба да постапиме како вистински мажи.

Н.С.: Старите знаат да речат дека дамата треба да биде освоена, а денешните генерации велат дека некогаш е добро и дамата да го направи првиот чекор. Дали ако понежниот пол го направи првиот чекор кон мажите, ќе ја изгуби вредноста како дама?
Д.Г.: Јас мислам дека секогаш првиот чекор треба да го направи мажот, но и ако дамата го направи првиот чекор на фин и културен начин, нема да изгуби од вредноста како една дама.
Н.С.: Има ли некои смешни и интересни ситуации со понежниот пол каде не си можел да се извлечеш? Сепак, да не заборавиме дека си препознатлив лик меѓу луѓето.
Д.Г.: (се смее) Да, имало такви ситуации, дури не ми текнува некоја да издвојам, бидејќи има повеќе. Но, како некоја што сега ми падна на памет е дека еден татко коj ми пишуваше пораки и информации да ја запознаам неговата керќа. Тој беше многу упорен во тоа. Ми ја опишуваше, буквално знаев се за девојчето, а ја немав видено. Се најдов тогаш во непријатна ситуација, бидејќи требаше да ги игнорирам сите пораки од таткото, а тој упорно пишуваше. Имало и многу други, но не сакам да ги откривам бидејќи може некои ќе се препознаат, а не би сакал.
Н.С.: И за крај, што би им препорачал на читателите на Пулс24?
Д.Г.: Ги поздравувам сите читатели на Пулс24 и им препорачувам да не ја симнуваат насмевката од нивните лица и да се труда да бидат секогаш среќни и упорни во своите намери, како и секако, да веруваат во себе. 
Интервјуто го подготви: Николина Славковска
Фризура: Милена Цапов (Studio Urban Artist)Шминка: Небојша ПешевскиОблека: SIGNORI

Фотографии: Николина Славковска
Следете не` на Фејсбук страната: Fashion in Skopje и на Инстаграм профилот: @fashioninskopje.
Дарко Глишиќ е младиот македонски фудбалер за кој допрва ќе се слуша и пишува  низ историјата на Македонија. Тој тренира фудбал уште од осумго

Пронајдете не на следниве мрежи: