Фото: Вака всушност изгледа интернетот: Кабли ја вмрежуваат целата планета

Преку нив се одвива 99 отсто од вкупниот интернет сообраќај. Поевтини се од сателити, може да траат 25 години, а нивниот капацитет од ден на ден се зголемува, па поради тоа денес не мораме да се грижиме дека целосно ќе останеме без Интернет. Сè што правиме на интернет работи благодарение на тенките оптички кабли кои се наоѓаат на дното на океанот, се простираат меѓу сите континенти и ги поврзуваат дури и најоддалечените делови на планетата. Овие кабли се практично одговорни за протокот на целиот интернет сообраќај, а секој од нив го маркира вашингтонската фирма „TeleGeography“ нао фотографии, кои се наоѓаат понатаму во текстот.
Многу луѓе мислат дека сателитите се најодговорни за обезбедување на пристап до Интернет и негова употреба, но тоа не е случај веќе некое време. Речиси 99 отсто од вкупниот интернет сообраќај се врши со користење на овие кабли кои се наоѓаат на дното на океанот. Сателитите се користат главно за руралните места.

Сателитскиот капацитет е ограничен. Оптичките кабли може да пренесат повеќе податоци и на тој начин се многу поевтини. Тие се користат од почетокот на интернетот, а сега се поставуваат и на нови позиции, поради зголемената потреба, но исто така и на развиените места во случај претходните да се расипат. Оштетувањата на каблите најчесто се предизвикани од човечки фактор.
Тони од кабли ги поврзуваат најголемите градови во светот. Постојат околу 13 кабли кои функционираат преку Атлантикот, а помалку од 20 отсто од нивниот капацитет се моментално во употреба. Од 2003 година нема нови оптички кабли во овој океан, бидејќи нивната употреба е мала поради технологијата која постојано напредува, така што и нивниот капацитет се зголемува.

Всушност речиси целата планета е поврзана, останати се само некои оддалечени острови. Денес веќе не мораме да се грижиме дали ќе дојдеме до целосен прекин на интернетот, бидејќи постојат и сигурносни кабли во случај на дефекти, но зголемување на нивниот број сигурно нема да биде на одмет.Сè што правиме на интернет работи благодарение на тенките оптички кабли кои се наоѓаат на дното на океанот, се простираат меѓу сите континен

Пронајдете не на следниве мрежи: