ГРДА ВИСТИНА: По исповедот на поранешна пекарка, нема да ви падне на ум да јадете во пекари!

Романтични вечери во скапи ресорани или студентски појадоци во пекари после овој текст би можеле сериозно да ви се згадат, со оглед на тоа дека извесна Милена открила страшна вистина која се случува во кујните на овие објекти.Милена и нејзиното поранешно момче долго време работеле како готвачи, односно во пекари и ресторани во Белград и Панчево, каде затекнувале неверојатни услови во кои се прават специјалитетите.
Таа истакнала дека не е необично редовно да се борат со бубашвабите и глувците на местата каде се подготвува храната, и дека сопствениците на овие објекти не се грижат за хигиенските услови додека добро им оди продажбата.
Милена го пренела своето искуство и на студентите на сите белградски Универзитети, кои се бунеле за квалитетот на храната во мензите, и сакала да им објасни зошто е тоа така.
„Трпеливо молчев до сега, но не можам, морам да прокоментирам нешто во врска со оваа критика на сметка на мензите. Го имав тоа задоволство еден период да работам во пекари, а од прилика во исто време моето поранешно момче работеше во неколку ресторани како кувар. Избегавме од таа индустрија и тој и јас, а еве и зошто:
Тие буреци од 100 динари и пици од 120 кои ги купувате во пекара главно се произведуваат во простории по кои бубашвабите живеат буквално во роеви, а понеогаш протрчува и по некој глушец. Работев во пекара во која почнуваш да правиш сендвичи и доколку ти влезе клиент мораш да го оставиш сендвичот на 5 минути, кога ќе се вратиш, по него лазат 10-ина бубашваби.
Во таква ситуација со рака ги тргаш бубачките, го завршуваш сендвичот и фино го моташ во фолија. Секој леб, кифла кои ќе паднат уредно се враќаат на полица. Печурките на пицата никогаш не се мијат пред употреба.

Работев во четири пекари во Панчево, во три ситуацијата беше ваква, само во една имаше пристојни хигиенски услови. Знаете ли зошто? Затоа што имаа мало производство, само неколку вреќи брашно. Таму каде што има многу брашно има и бубашваби.

Мислев дека во рестораните е подобро, поготово во Белград, но не. Моето момче работеше во еден ексклузивен ресторан и се сеќавам кога еднаш го побарав ми рече дека седнал да запали цигара бидејќи многу го вознемирила глетката од три глувци кои протрчале низ кујната.
Работеше во уште неколку ресторани, од кои еден беше со традиција од 30-ина години. Ме советуваше од срце никогаш да не јадам таму, бидејќи намирниците се чуваат на неадекватен начин, служат сувомеснати производи со поминат рок и слично. Мислам дека бев доволно сликовита. Не сум работела во кујна на студентски мензи ниту пак познавам некого, но моето поранешно момче беше кратко на замена во кујана во предшколска установа и таму навистина се било според правилата.
Е сега, кога вие ќе одите во ресторан и куварот ќе подготви јадење за вас, секако дека ќе закамуфлира се, да ви го сервира во порцеланска чинија и да ви земе 40 евра. Замислете за колку студенти се готви во мензите, па следниот пат кога ќе наидете на јаболко која е презрела или трула, размислете дали е рационално да очекувате тоа да не се случува. Исто така сетете се на приказнатаза сендвичите и бубашвабите кога некој ќе ви влезе во пекарата. Ќе заштедите пари и ќе ја подобрите линијата.Милена и нејзиното поранешно момче долго време работеле како готвачи, односно во пекари и ресторани во Белград и Панчево, каде затекнувале невероја

Пронајдете не на следниве мрежи: