По повеќегодишни обиди да забремени, Ана ја имала таа среќа да стане мајка на прекрасно момче. Набрзо по првото породување дознала дека е повторно бремена. Воопшто не насетувала дека ја чека вистински пекол и преголема болка… кога човек ќе се најде во ваква ситуација, зборови за утеха не постојат, времето не ја бришe трагата, а сеќевањето е секогаш присутно.Ана доживеала две силни емоции, љубов и загуба.
„Кога за прв пат посакав да се остварам како мајка, не одеше се како што сакав. Долго сакав да останав бремена. Познавав девојки кои имале однос со маж само еднаш и останувале бремени. Но тоа не беше мој случај. Кога долго се обидувате да забремените, тоа почнува да ве обзема и имате впечаток дека одеднаш сите околу вас се бремени, освен вас. Но, по упорното обидување, успеавме. Останав бремена и родив прекрасно момче“, вели Ана.
„Мојот син имаше само 6 месеци кога дознав дека сум бремена по втор пат. Посакав тоа да не е вистина. Плачев. Не се чувствував радосна и тоа дополнително ме депримираше . Му ја кажав веста на сопругот и тој беше пресреќен. Неговата радост повторно ме расплаче“.
Ана ја мачеле сомнежи
„Сметав дека не беше најдобар момент, се чувствував исцрпено. Имавме бебе која се уште е во креветче, разликата помеќу нив би била само 15 месеци и тоа доколку би се породила според утврдениот термин.“
Била преплашена.
„Не се чувствував подготвена да се граижам за две деца во исто време, и тоа две деца со слична возраст, мислев дека тоа е задача за која не сум дорасната“, грчевито продолжила Ана.
Како што во животот обично се случува, секогаш се остваруваат две работи, онаа која најмногу ја сакате и онаа од која најмногу се плашите. Ана еден ден почнала да крвари.
„Бев во осмата недела од бременоста кога почнав да крварам. Со сопругот одтидов на ултразвук. Слушнав како му чука срцето на бебето, ја видов малата „точка“ на екранот и сите мои стравови исчезнаа. Но, почнав да верувам во овој живот во себе веќе кога беше предоцна. Го видов животот кој по само неколку дена, брзо се изгаси во мене. Бев очајна“, се сеќава Ана.
„Тоа беше најмрачниот период во мојот живот. Полесно ја поднесов смртта на татко ми, кој боледуваше од рак, бидејќи бев опкружена со луѓе, луѓе кои го сaкаа и со кои би се присетувала на убавите моменти со него, а овој пат беше поинаку.. Овој пат бев сама или барем така се чувствував….
Сметам дека не се зборува доволно за абортусот или губитокот на дете, генерално. Затоа одлучив да ја споделам својата болка со вас. Сите жени минуваат низ огромна тага, го чуваме тоа искуство во себе, не го делиме нашето страдање. Навистина, дали криеме затоа што тоа не е важно? Не, криеме бидејќи се плашиме дека другите ќе речат добро, не е страшно подобро е што се случило на почетокот. Подобро? Никогаш не е добро и никогаш не е време за загуба“, вели Ана.
По оваа бременост, имала уште еден абортус. Загубата на уште едно бебе донело огромна болка за неа. За среќа, во животот на Ана периодите на тага ги замениле периоди на среќа.
Ана за крај додава:
„Имав пет бремености во животот, а сега пред себе имам три прекрасни деца кои секој ден ме прават горда и достојна за живот и уште две бебиња кои вечно живеат во моето срце.Ана доживеала две силни емоции, љубов и загуба.
„Кога за прв пат посакав да се остварам како мајка, не одеше се како



