Како правилно да напишете мотивационо писмо?

Пред да започнете со пишувањето на мотивационо писмо, потребно е да се подготвите. Еве неколку совети како да го направите тоа:
-Размислете за вашето досегашно искуство. Помислете како би го сврзале вашето досегашно работно искуство со компанијата и позицијата, за која кандидирате. Кои се вашите способности и постигнувања, кои би се оцениле како корисни од компанијата? Направете си накратко список, за да ви биде полесно кога ќе започнете со пишување.
-Од каде научивте за отвореното работно место? Ако за слободното работно место научивте преку пријател или роднина, споменете го неговото име. Доколку се информиравте за оваа можност преку објава, добро запомнете кои услови треба да ги исполнувате. Потоа, во писмото и CV-то обидете се да наведете како вие одговарате на тие барања.
-Научете што повеќе за компанијата. Побарајте информација за компанијата на интернет или во весниците. Размислете што ве привлекува и мотивира да работите за таа компанија.
-Дознајте кој е задолжен за вработувањата. Лош впечаток оставаат мотивационите писма кои не се наменети за дадена личност. Издвојте си малку време и јавете се во компанијата или прегледајте го пак огласот, за да го дознаете името на личноста задолжена за нови вработувања.
Мотивационото писмо не треба да биде премногу долго, затоа што така се „разводнува“ информацијата. Бидете практични и обидете се мотивационото писмо да ви опфаќа само една стандардна страница во А4 формат.
Почеток. Во горниот дел на страницата оставете лични податоци: вашето име и презиме, адреса, телефон за контакт и e-mail.
Првиот параграф. Тоа е воведниот дел на вашето писмо и е многу важен, поради тоа што веднаш треба да го привлече вниманието на оној кој го чита. Во него треба да кажете од каде сте разбрале за слободното работно место (пријател, вработен во компанијата, објава во весник или реклама).
Доколку за работното место ви соопштил вработен во компанијата, не започнувајте со „Мојот пријател Х ми кажа дека имате слободно работно место, па затоа решив да ви пишам“. Наместо тоа, покажете повеќе ентузијазам и напишете „Бев пресреќна, кога мојот пријател Х ми кажа дека се отвори слободно место во вашата компанија“.
Вториот параграф. Опишете ги накратко вашите квалификации (способности, постигнувања), но не навлегувајте во детали. Одберете три ваши способности, кои мислите дека би биле високо ценети од компанијата и фокусирајте се на нив. Останатите детали треба да ги посочите во CV-то.
Третиот параграф. Тука е местото да докажете дека сте направиле истражување и знаете многу за компанијата, за која кандидирате и пазарот на кој што дејствува. Посочете што ве мотивира да кандидирате точно за таа компанија и како можете да придонесете за неа. Наведете зошто вие сте идеалниот кандидат за таа должност.
Завршеток. Спомнете дека сте испратиле CV и дека ќе се радувате ако издвојат време за да се сретнете лично.Пред да започнете со пишувањето на мотивационо писмо, потребно е да се подготвите. Еве неколку совети како да го напра

Пронајдете не на следниве мрежи: