Ќе ги погодите овие загатки?

Неколку загатки за поголема забава: 
1. Жена си правела јадење и по грешка и се истурил цел сол во тенџерето, но таа си продолжила да готви како ништо да не се случило.Потоа кога му ставила на мажот да јаде тој си дотурил сол и почнал да јаде.
Кое е тоа јадење што го правела жената?
2. Првата кутија вели: „Златото не е тука“.
Втората кутија вели: „Златото не е тука.“
Третата кутија вели: „Златото е во втората кутија“.
 Во која кутија се наоѓа златото?
3. Госпоѓа Ана има 11 дечиња во нејзиниот клас. Таа има чинија во која има 11 јаболка. Таа сака да ги подели 11-те јаболка на децата, на начин што едно јаболко ќе остане во чинијата. 
Како може да го направи тоа?
4. Убиен е млад дечко во кола. На телото на убиениот нема траги од барут што значи дека не е самоубиство, и дека особата која пукала во него била надвор од колата. Сите прозори од колата биле кренати-затворени,а вратата била заклучена. Клучевите од колата се најдени во неа. Колата нема никаква штета. Освен куршуми во телото на убиениот не е најдено ништо друго.
Како е убиен дечкото?
5. Еден богат шеик дошол пред умирање и не можел да одлучи на кој од своите два сина да го препушти наследството.Ги повикал и им рекол :”Ќе се тркате до соседниот град во кој што се наоѓа богатството, меѓутоа богатството може да го земе тој што последен ќе стигне до градот”.Следниот ден тие се шеткале со камилите низ пустина и незнаеле што да прават.По пат сретнале еден мудрец.И откако му го кажале нивниот проблем тој ги советувал нешто и после тоа тие се тркале до градот најбрзо што можат.
Што ги советувал мудрецот ?
 Неколку загатки за поголема забава: 
1. Же

Пронајдете не на следниве мрежи: