Колекција вицеви и случки за Охриѓани

Насмејте се со најдобрата колекција вицеви и случки за Огриѓани. Збеснав. Немал кј да паркират? Јас немам кај да паркирам, граѓанин на Охрид (иначе в центар живам, ама позади општинава, кај овие ископаниве улици), не нему ќе му се мисљам кај да…… „ Еј, батеееее. Битола така фрљате ѓубре во контејнерите? Те познав, аку на џипот имаш скопска регистрација и на носот црни наочари!”-„Извините, го видов контењеро и…….”. „Шо бре и. Јас ќе плаќам а виеееее……Еј, ало, чкембааар, тебе ти зборвам. Глуфтааар. Не прај се дек не слушаш. Со арно ти вељам, ашљак еден. Волуууу.” Ете ти сега. Ти културно му кажвиш, а тој се прајт на удрен и после охриѓани не чинет.
„Комши можит од твојот да им ѕвонам Прилеп, само че им кажам дека стигнав, зошто мојов го исклучиле и…..”. „Слушај, ме заболе мојов за твојот, а ме заболе и за мојов з’ш од први август и мојов ќе ојт јабана, ќе ми го штрацнет. Ќе требит од шољана да ти……”. „ Добро утро, комшивке. Стигнавте?”. „Да комши, стигнавме….”. Море да дајт господ до утре патлиџаните да не ти стигнет шо ги теглиш дур од Велес. Дан ви залетвет овје нашиве. И како да не се нервирам. Ќе се искинам. Е ова смрдлава шо дојде сега од Велес имат приватна фирма, вошкосана е од пари, а многу и биле 70 денари за кило охридски најубав патлиџан. Јас не знам шо да се прајт. Ти гледаш да им погодиш и пак охриѓани не чинат.
Убо рече Бучко, некој си ја имат мувата на капата и сега……. Го слушна. Сме кренале згради……А бе да ти пукнит од женати жилана. А за ниф то го напрајфме. Едно време се жалеа дека ветар ногу дувало во градоф. Ам ветар ти го зел умот, ето кренафме десетина згради во центар, сега ни лист не мрдат, ние охриѓани се удајфме од горешчини, и то заради ниф, а тој немал кј да паркират. Сега ако немаш кј да паркираш, никош. Абре сфе шо беше улица, двор, ходник, кенеф, дневна, паркинг го напрајфме и то со пари. Е в спална да те пуштам да….. Слушај, бар ова година никој немат право да се жалит. Ја слушам она Холанѓанкана пред некој ден кај Ацета (градоначалникот) в кабинет му велит све било убо, само немало јавни клозети. Ам ви ги намаливме пивава од 95 на 90 денари, кафанџиве скоро без ќар работет, а вие пијте ко сунѓери, па мочајте ко коњи и клозети ви фалет. Малу жбуној имат? Ам со такво локање, катетри да ви клајме бадијала е. После ќе ви сметат навреме, ако не ви ги менвиме. Абре господ да чуват и да бранит и голман да станит. И после охриѓани не чинет.

Денес гледаме, со Дачкана бевме на плажа Астор, на една бабетина и сметало ѓубрето, расфрлено било насекаде и не го кревале. Ам фрљај ти кај ќе ти текнит и ќе ти сметат, нормално. Нас охриѓани не ни останвит ѓубре? Не го јајме, ама не го фрљаме кај ќе ни текнит ко тебе. Мало ти е езероно? А? Имат место и за кпење и за ѓубре и ко чоек помочај се нтре, ни лук јал ни лук мирисал. Абре улицине им ги напрајфме ичсмерни, раскрснициве ко циркус ги исфарбафме да имат малу шаренило, да би шарки им влегле во кампојне во Љубанишчта, од тревишчено шо…..
Е дур сме кај тревишчено, знајш з’ш е то остаено. Пак за ниф. Ниф да не им сметаме, на туристине. Тие ко ќе одет в клозет ние во тревана се тотолиме, да не се прајт гужва. Е оди ти во тревишчана, жарни го тро гзот на копривине, па да видиш како ќе ти е. И после охриѓани не чинет? Ја слушам една: „Ваа продавачката наместо со хартија, со рака ми го подаде лебот”. Ам ај со нога да ти го дајт, ебате беља. Друго. Ај жити леб, нека кажит некој, ова година сме му скршиле некому шофершајбна, сме му украле, раткапна, ретровизор? Сме му рушиле гума без причина. А? Еден нека кажит дека дошол да си влезит в кола и нека речит дека сме му се помочале на кваката, ко лани. Е сега се оградвам од изолирани групи на поединци. Лелеее. Ам најбитното! Јосета кој го донесе во антички, кој го натера онака да се дерит ко од гром удрен? А? Кој му ја искрши кичмата осум пати? Ние, охриѓани. Тој трни, ние шљашкај, ко на Тито во времето, врати го назат. Тој пак трни, кутриот, да не речам, можда по нужда му се одеше, ние, охриѓани, врати го со шлашкање. Додуша и Бранко со нас шлашкаше, ама и тој е наш. Охриѓанец. Е сега рака на нога, од село е, од Слатино, ама не дека некој за сељак го сметат. Го третираме ко наш да си е. Аку е де и сељанине се љуѓе. Не така? А? Убо вељам? И сега? Пак охриѓани не чинет? Еден, само еден факт дај ми во спротивен смисол и ти скинвам капа и то со си мува и јавно ќе речам: „Е навистина охриѓани не чинет”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.