Не си Македонец ако немаш замрзната сарма: Урнебесни навики на нашиот народ!

Дел од овие навики се смешни, но се неверојатно точни. Можеби изоставивме поголем дел од нив, но можете слободно да го надополните списокот.Не си Македонец ако дома немаш ќеса полна со други ќеси.
Не си Македонец ако немаш барем еден роднина со кого не зборуваат твоите родители.
Не си Македонец ако провевот не ти е главен виновник за сите болести.
Не си Македонец ако во твојата куќа ракијата не служи за сѐ, за наздравување и за разни болести.
Не си Македонец ако во куќата немаш волнени чорапи исплетени од баба ти.
Не си Македонец ако далечинскиот управувач не ти е залепен со селотејп.
Не си Македонец ако не чуваш кутии од телевизорот, компјутерот, видеото…
Не си Македонец ако немаш куп пенкала од кои само можеби едно функционира.
Не си Македонец ако не ги чуваш кутиите од сладолед за складирање во шпајз.
Не си Македонец ако во замрзнувачот не чуваш сарма.
Не си Македонец ако немаш барем десет истрошени батерии за далечинскиот управувач, од кои можеби една работи.
Не си Македонец ако немаш барем едно прегорено тавче.
Не си Македонец ако имаш три нови, а се покриваш со најстарото ќебе.
Не си Македонец ако не го чуваш старото расипано видео, а немаш ни каде да го вклучиш.
Не си Македонец ако не чуваш лекови со истечен рок на траење.
Не си Македонец ако немаш збирка од ВХС касети.Не си Македонец ако дома немаш ќеса полна со други ќеси.
Не си Македонец ако немаш барем еден роднина со кого не зборуваат твоите родители.

Пронајдете не на следниве мрежи: