ОВА Е НАЈСОЧНИОТ КОЛАЧ КОЈ ШТО СУМ ГО ПРОБАЛА ВО ЖИВОТОТ!

 
 Потребни состојки за крем:
5 јајца
250 г шеќер
40 г густин
150 г пченичен гриз
1 ванилин шеќер
50 г путер
1 литар и 300 мл млеко
Сируп:
300 г шеќер300 мл вода1 ванилин шеќер1 кора од портокалМалку цимет, по желба
Уште е потребно:
10 листови кора за пита100 г путерМалку масло
Постапка:
1.Ова е феномален грчки десерт! Прво се приготвува сирупот: се соединува шеќер, ванилин шеќер и вода, да зоврие. На тивок оган се вари 5-6 минути, па се додава ситно рендана кора од портокал и малку цимет (може и без цимет, по вкус; но ви советувам да ставите задолжително кора од портокал). Оставете да излади!
2.Рерната загрејте ја на 180 степени. Во шерпа ставете 1,2 литар млеко, па оставете да зоврие. Изматете јајца и шеќер, па додадете густин, пченичен гриз и 100 мл млеко.
Добро изматете (да нема грутчиња), па додадете во провриеното млеко. Мешајте цело време. Кога кремот ќе добие густина, тргнете од оган, па додадете путер. Измиксајте, па оставете да излади (кремот не мора целосно да биде изладен).
3.Растопете го путерот. Плехот подмачкајте го со путер, па наредете 5 кори. Секоја кора премачкајте ја со малку растопен путер.
4.Врз 5.кора ставете го кремот.
5.Преку кремот нанесете ги преостаните 5 кори. Секоја премачкајте ја со малку растопен путер, освен последната кора. Исечете со остар нож, па прелијте со малку масло. Пропрскајте со врела вода, па ставете во загреана рерна. Печете околу 35-40 минути, готова е кога ќе порумени.
6.Сирупот процедете го! Печената пита прелијте ја со ладен сируп. Добро изладете па послужете.Потребни состојки за крем:
5 јајца
250 г шеќер
40 г густин
150 г пченичен гриз
1 ванилин шеќер
50 г

Пронајдете не на следниве мрежи: