Разговараат маж и жена: Не сум ти јас столар…

Мажот седи во дневната соба и гледа фудбалски натпревар, кога жената го прекинува со едно прашање.
„Драги, ќе можеш ли да ја смениш сијалицата во ходникот? Веќе одамна трепери.“Ја погледнува по малку чудно и ја прашува: „Мислиш сега, одма да го поправам светлото?! Дали мене на челото ми пишува дека работам како електричар?! Нема да може!“
„Добро, тогаш дали можеш да ја поправиш вратата на фрижидерот? Не дихтува добро.“
„Да ти ја поправам вратата на фрижидерот? Добро, дали јас ти личам дека сум мајстор?“
„Добро, а дали можеш барем да ги погледнеш скалите? Во секој момент може да се скршат. Опасно е.“
„Не сум ти јас столар и нема шанса да ти ги поправам скалите само затоа што ти мислиш дека е опасно! Доста ми е! Јас одам во кафана!“
Стигнал во кафана, испил неколку пијачки, кога кривицата почнала да го обзема заради односот спрема неговата жена. Решил конечно да се врати после неколку часовно мислење.
Како се приближувал кон куќата, ги видел скалите поправени. Како што ја отворил вратата, гледа дека сијалицата веќе не трепери. Свртел до кујната да земе едно пиво, кога,  вратата од фрижидерот дихтува.
Тивко ја прашал својата жена: „Душо кога успеа сè ова да се среди?“
„Па, само што си отиде, седнав надвор пред куќата и малку заплакав. Баш тогаш наиде еден мил човек и ме праша какви проблеми имам. Не знам зошто, ама сè му раскажав. Се понуди да поправи сè што не е во ред, а за возврат само ќе треба да одам во кревет со него или да му направам торта…“
„И, која торта му ја направи?“
„ Алооооо, дали на челото ми пишува дека работам во слаткарница?! “Ја погледнува по малку чудно и ја прашува: „Мислиш сега, одма да го поправам светлото?! Дали мене на челото ми пишува дека работам како елект

Пронајдете не на следниве мрежи: