СДСМ продолжува со пласирање невистини во јавноста, во обид да креира комплетно погрешна слика за функционирањето на службата за Итна медицинска помош

СДСМ продолжува со пласирање невистини во јавноста, во обид да креира комплетно погрешна слика за функционирањето на службата за Итна медицинска помош. Тоа е истата служба која СДСМ ја остави без ниту едно ново возило или нов пункт за да се доближи услугата до граѓаните.
 Во случајот со докторката во Итна медицинска помош, Здравствен дом Скопје веќе одговори на невистините кои ги пласира СДСМ.
СДСМ повторно се служи со провидното сценарио кое граѓаните добро го препознаваат: еден медиум уредуван од Бихаќка отвора „тема“ со лажни хипотези, врз основа на кои потоа СДСМ се обидува со измислици од нивните Фабрики за афери да креира лажна реалност.
Јасно како ден е дека СДСМ по секоја цена се обидува да манипулира со јавноста за придобивање дневно-политички поени, бидејќи на СДСМ не им е познат концептот на добивање поени преку конкретни проекти и инвестиции во унапредување на оваа служба.
На СДСМ никогаш не им било предмет на интерес да набават 70 нови возила за Итната медицинска помош. На СДСМ никогаш не им било предмет на интерес да отворат нови дистални пунктови на Итната помош за возилата што е можно побрзо да стигнуваат за интервенција, ниту пак да набават било каква нова опрема.
На СДСМ никогаш не им било предмет на интерес да ја покачат платата на докторите од Итна медицинска помош. СДСМ воопшто не водеше грижа за зголемување на бројот на тимови во Итната медицинска помош, а уште помалку за обезбедување специјализации за докторите.
На СДСМ никогаш не им било предмет на интерес унапредувањето на здравството, туку се воделе исклучиво од личните теснопартиски интереси.
СДСМ има нула кредибилитет и легитимитет да зборува за било кој сегмент во здравството, во кое немаат апсолутно ништо инвестирано, ако не се сметаат за инвестиција ѓерданите кои ги купуваше Владо Димов за своите колешки и стентовите кои функционери на СДСМ ги продаваа под маса ставајќи цена на животот на луѓето. 
 
Со почит,                   Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
 Во случајот со докторката во Итна медицинска помош, Здравствен дом Скопје веќе одговори на невистините кои ги пласира СДСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи: