Се интензивираат инфраструктурните активности во општина Пробиштип!

Денес започнаа градежните активности за асфалтирање на повеќе улици во населба Камењар, општина Пробиштип.Станува збор за реализација на проект вреден 27 милиони денари обезбедени од буџетот на општина Пробиштип кој опфаќа асфалтирање на улици во должина од околу 4.000 метри, изградба на потпорни ѕидови како и одредени интервенции во водоводната и канализационата мрежа бидејќи, како што истакна и Градоначалникот Тоневски, станува збор за населба во која најголем дел од куќите се изградени без одобренија за градење и граѓаните сами ги имаат изведувано водоводните и канализационите приклучоци, а институциите немаат точен увид во местоположбата на инсталациите.
Со реализацијата на овој проект ќе се реши еден повеќедецениски проблем на жителите на оваа населба која е една од поновите населби во Пробиштип и во која најголем дел од улиците не се асфалтирани. Дополнително, преку проектот на Владата на РМ за легализација на дивоградбите голем дел од жителите на оваа населба веќе ги имаат легализирано своите домови, а за останатите постапката за легализација е во тек.
За време на увидот во градежните работи, Градоначалникот Тоневски најави реализација на поголем број на проекти кои треба да започнат до средината на месец Јули, проекти кои несомнено.Станува збор за реализација на проект вреден 27 милиони денари обезбедени од буџетот на општина Пробиштип кој опфаќа асфалтирање на улици

Пронајдете не на следниве мрежи: