Свештеници меркаат плавуши и се сончаат на Хаваи…

Двајца свештеници одлучиле да одат на одмор на Хаваите. Решиле да имаат вистински летен одмор. Според тоа, не би требало да имаат ништо на себе што би покажувало дека се свештеници.Штом слетал авионот, тргнале во шопинг и купиле типична туристичка облека, шорцеви, маичка, очила и сандали.
Следното утро побрзале да стигнат на плажа облечени во новата облека и сместени секој на својата лежалка. Уживајќи со пица на сонце и со убав поглед.
Одеднаш им се приближила топлес згодна плавуша. Тргнала право кон нив. Не можеле да се воздржат, а да не се загледаат во неа. Во моментот кога плавушата поминувала покрај нив, со насмевка ги поздравила: „Добро утро, оче“ му рекла на едниот, па се свртела и кон другиот: „Добро утро оче“.
Свештениците се загледале еден во друг. „Како, за божјо име, препозна дека сме свештеници?“
Уште следниот ден отишле пак на шопинг за да купат уште поубава облека и да не може никој да ги препознае.
Повторно се сместиле на лежалките и кога биле најопуштени, ете ја пак плавушата и исто ги поздравила: „Добро утро, оче“ и си продолжила по патот.
Но, овојпат не издржал едниот, па ја довикнал: „Само момент, млада дамо. Точно, ние сме свештеници и горди сме на тоа, но би сакале да знаеме како вие знаете, кога немаме на себе ништо што потсетува на тоа? “
Тогаш блондинката им одговорила: „Оче, тоа сум јас, сестра Мери…“Штом слетал авионот, тргнале во шопинг и купиле типична туристичка облека, шорцеви, маичка, очила и сандали.
Следното утро побрзале да стиг

Пронајдете не на следниве мрежи: