Упс, нешто не е во ред: Фејсбук падна. Што сега?

Кога тргнавте да ја отворите вашата омилена социјална мрежа, веројатно ве дочека порака на екранот во која пишува дека услугата е недостапна или дека нешто тргнало во погрешна насока.Факт е дека стотици милиони корисници на Фејсбук останаа без омилената социјална мрежа веќе по втор пат неделава за одреден период. Техничките проблеми ќе се решат, но што да се прави во меѓувреме?
1. Обновете ја вашата врска со хигиената.
2. Повикајте некој од вашите бројни Фејсбук пријатели и уживајте во незгодната тишина.
3. Срушете го Твитер, така што без престан ќе објавувате дека „Фејсбук не работи“.
4. Исчистете нешто во меѓувреме.
5. Бидејќи не можете да го поминете она ниво на Candy Crash, обидете се да поминете со крпа преку прашливите делови од масата и полиците.
6. Пратете му СМС на пријателот и кажете му го она што веќе го знае: дека Фејсбук не работи.
7. Би годел и разговор со членовите од семејството.
8. Напишете објава на својот блог за тоа како Фејсбук не работи и колкаво е неговото влијание врз животите на луѓето. Завршете со тоа дека премногу сме зависни од социјалните мрежи.
9. Излезете на свеж воздух.Факт е дека стотици милиони корисници на Фејсбук останаа без омилената социјална мрежа веќе по втор пат неделава за одреден период. Техничките проб

Пронајдете не на следниве мрежи: