Веибо груп ќе вработи 5600 лица

Веибо груп ќе вработи 5600 лица во Македонија. Иако првичната најава беше дека ќе вработат 4000 лица, тие овој број го зголемија за 1600.
Премиерот Никола Груевски во своето гостување во дневникот на Сител ја откри оваа информација.
-Една од компаниите кои својата инвестиција во Македонија ја најави пред изборите во Македонија, почнува од месец декември. Веибо груп го зголеми бројот на отворени работни места и не информираа дека не 4000 како што најавија, туку ќе вработат 5600 лица. Тоа се 1600 повеќе директни вработувања во само една фабрика, рече Груевски.
Тој додаде дека голем број на компании се пред финална одлука да инвестираат во Македонија, а веќе многу компании најавиле инвестиции. Се очекува од новите инвестиции кои доаѓаат да бидат вработени вкупно 13.000 граѓаниИако првичната најава беше дека ќе вработат 4000 лица, тие овој број го зголемија за 1600.
Премиерот Никола Груевски во своето гостување во

Пронајдете не на следниве мрежи: