Видео: Нурнете во најдлабокиот базен на светот!

Длабочината на базенот Немо 33 изнесува 34,5 метри и може да собере скоро 3 милиони литри изворска вода, која се одржува на 30 степени, со што на нуркачите им се овозможува подолго нуркање без  заштитна опрема. Немо 33 е еден од најдлабоките завторени базени во светот и се наоѓа во Брисел.
Базенот е дизајниран од професионалниот нуркач Џон Бернартс и има повеќе намени. Немо 33 се користи и за потребите на разни филмови и отворен е за сите љубители на вода.

Меѓутоа, одредени прописи мора да се почитуваат. Сите оние кои доаѓаат за аматерско нуркање, но и туристи, мора да имаат повеќе од 12 години, да бидат здрави и да имаат соодветен сертификат, но и под надзор на тренерите.
Во склоп на базенот има ресторан, продавница за сувенири и комплетна опрема за нуркање, како и просторија за други активности на вода. 
Немо 33 е еден од најдлабоките завторени базени во светот и се наоѓа во Брисел.
Базенот е дизајниран од професионалниот нуркач Џон Бернартс

Пронајдете не на следниве мрежи: