Со парите од вашата плата можете да живеете или само да преживеетеКако со една реченица би ја опишале вашата платата, а какви видови на плати во Македонија постојат, може да прочитате ако не знаете
Плата „прерана ејакулација“ – таман почнала, готово е.
Кромид плата – ја земаш и почнуваш да плачеш.
Менструална плата – доаѓа еднаш месечно и трае околу 5 дена.
Кучка плата – не ти помага за ништо, од неа само патиш, ама не можеш да живееш без неа.
Диета плата – те тера да јадеш сè помалку и помалку.
Атеистичка плата – се сомневаш во нејзиното постоење.
Плата „црн хумор“ – се смееш за да не плачеш.
Магична плата – после неколку потези таа исчезнува.
Плата „бура“ – немаш поима кога доаѓа и колку ќе трае.
Конзервативна плата – ти ја уништува фантазијата.
Импотентна плата – кога најмногу ти треба, те изневерува.
Плата „Волт Дизни“ – замрзната е веќе 15 години.Како со една реченица би ја опишале вашата платата, а какви видови на плати во Македонија постојат, може да прочитате ако не знаете