ВМРО-ДПМНЕ: Ова се медиумите кои за СДСМ се квалитетни и избалансирани

Телевизиите Телма и 24 Вести повторно го предводат медиумскиот блок кој во своите информативни и дебатни блокови ги фаворизира измислиците од Фабриките за афери и манипулации на СДСМ.Вчера најмногу простор на фабрикациите на СДСМ отстапи ТВ Телма која од централните вести во вкупно 5 прилози одвои 580 секунди за ширење на партиските тези и ставови на СДСМ и истовремено неаргументирано напаѓање на ВМРО ДПМНЕ и извртување на партиските ставови.
Телма продолжи во исто темпо и во дебатните емисии во кои беа искористени цели 4200 секунди медиумски простор во ударен период за пласирање целосно шпекулативни наводи со намера да се наштети на угледот на ВМРО-ДПМНЕ.
Неочекувано, но ТВ 24 Вести во своите централни вести одвои недоволни за првото место 480 секунди медиумски простор за пласирање на лагите и манипулациите на СДСМ, а целосно неаргументирано напаѓање на ВМРО ДПМНЕ.
По примерот на Телма, и 24 Вести во своите дебатни емисии одвои 3000 секунди во кои „аналитичари“ неаргументирано го напаѓаа ВМРО-ДПМНЕ. 8260 секунди за пропагандата на СДСМ во ударни термини на национални концесионери во само едно попладне. 
Ова се медиумите кои за СДСМ се квалитетни и избалансирани.
Според СДСМ по овој пример или ќе работат сите медиуми или ќе ги снајде гневот на СДСМ преку нивниот тоталитарен закон за медиуми.
Квалитетните и избалансирани портали според СДСМ како што се Плусинфо, Либертас, А1он, Фокус, Нова Тв и редица други ја одржуваат формата и повторно ја исполнија дневната норма – во 110 текстови се промовираа манипулациите на СДСМ, а 90 текстови беа посветени на неаргументирано напаѓање на ВМРО ДПМНЕ.
Врв на лицемерието е кога СДСМ зборува за медиумски мрак, неизбалансирано известување и правична застапеност во услови кога плејада портали и телевизии синхронизирано работат за да ги пласираат измислиците од фабриките за афери на СДСМ.
СДСМ не сака професионализам во медиумите, туку сака целосна контрола врз нив за да може да ги пласира своите лаги и манипулации од фабриката за афери.
Останува непознато колку ја чини СДСМ ваквата промоција? Дали парите за жестоката пропагнада на СДСМ покрај од Сорос, доаѓаат од кланот Заеви, урбаната мафија на Жерновски или пак од кириите на Шеќеринска? Истражните органи треба да утврдат дали за медиумските мегафони на СДСМ важат истите закони како и за останатите граѓани, односно дали им се исплаќаат пари за ваквата пропаганда на сметка или се оди на рака.Вчера најмногу простор на фабрикациите на СДСМ отстапи ТВ Телма која од централните вести во вкупно 5 прилози одвои 580 секунди за ширење на&n

Пронајдете не на следниве мрежи: