ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува неизбалансираното информирање на опозициските медиуми

Продолжува непринципиелното и неизбалансирано информирање на дел од медиумите кои отстапуваат илјадници секунди и објавуваат стотици написи секој ден во полза на лагите и манипулациите на СДСМ, додека истовремено ги извртуваат ставовите и неаргументирано го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ.Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните кои вчера ги следеа овие медиуми немаа прилика да дознаат дека економскиот подвиг на Македонија забележан и од Светската Банка се должи на бројните антикризни мерки, дека рејтингот на Груевски е неколку пати поголем од тој на Заев како и дека Агенцијата за катастар на недвижности доби графички регистар на градежно земјиште.
Но, затоа тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ беа промовирани во 5060 секунди на централните вести и дебатни емисии на ТВ Телма, а ТВ 24 Вести на наративот идентичен со тој на СДСМ и на неаргументирано напаѓање на ВМРО- ДПМНЕ посвети 1220 секунди во еден блок на централните вести.
Пропагандата на СДСМ на нивните омилени телевизии беше застапена со вкупно 6280 секунди во само еден појас на информативни програми и дебати. Само во месец март СДСМ доби цели 146.850 секунди, додека од почетокот на месец април доби 52.205 секунди во истиот програмски појас на нивните омилени телевизии.
Порталите кои граѓаните одамна ги препознаваат како партиски гласила на СДСМ, како што се Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила вчера повторно беа преполни со стотици текстови за промоција на манипулациите на СДСМ и неаргументирано напаѓање на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е пример за избалансирано новинарство според СДСМ – илјадници секунди за нивните измислици и лаги секој ден на телевизиите и стотици нарачани текстови на порталите.
СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми. СДСМ ги сака само медиумите над кои има целосна контрола. Тоа му е јасно како ден на секој граѓанин на Република Македонија.Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Граѓаните кои вчера ги следеа овие медиуми немаа прилика да дознаат дека екон

Пронајдете не на следниве мрежи: