ВМРО-ДПМНЕ: Продолжуваат срамните притисоци на СДСМ кон судството

Oчајот и паниката во СДСМ се видливи и од Месечината. Продолжуваат срамните притисоци на СДСМ кон судството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ нема кредибилитет да зборува за партизација во судството, бидејќи е позната како партија која во само еден ден има избрано 617 судии и над стотина обвинители.
СДСМ кога зборува за поврзаност на партијата со судството треба да се обрати кај Наташа Габер Дамјановска, сестра на Виктор Габер несудениот министер за Надворешни работи од СДСМ. СДСМ треба да го запраша за поврзаност на партијата со судскиот систем и Гаврил Бубевски, десната рака на Катица Јанева и кумашин на Филип Медарски, адвокат на аболицираниот криминалец Зоран Заев.
СДСМ преку своите невладини платеници упатуваше закани до судиите кои се чувари на уставноста, дека ќе ги влече за уши и крева на клоци ако не ги слушаат наредбите од Бихаќка. СДСМ уште еднаш го покажува тоталитарното лице и вистинскиот капацитет.
СДСМ сака да го приватизира судството во Македонија. Затоа граѓаните го држат СДСМ далеку од власта. Во 2009 година здружението на граѓани без сопствен став „СДСМ 2009“ беше ПРОТИВ измените на законот за помилување.
Денес здружението на граѓани без сопствен став „СДСМ 2016“ е ЗА измените во законот за помилување. Единствената разлика меѓу СДСМ 2009 и СДСМ 2016 е што тогаш претседател на Македонија беше Бранко Црвенковски кој го аболицираше криминалецот Зоран Заев.
ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година.
СДСМ е партија која го менува својот став во зависност од дневно партиските потреби, намерно создавајќи кризи во рамките на своите деструктивни сценарија. СДСМ сака целосно да го раскара народот и да го стави во своите црни сценарија за дестабилизација и декомпонирање на државата.
На ваквата политика на СДСМ граѓаните одамна и го покажаа местото. Уште една потврда за тоа ќе бидат изборите на 5 Јуни, кога граѓаните по 10-ти пат по ред ќе го казнат СДСМ за ваквото срамно однесување.СДСМ нема кредибилитет да зборува за партизација во судството, бидејќи е позната како партија која во само еден ден има избрано 617 судии и над сто

Пронајдете не на следниве мрежи: