ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е што СДСМ не го изговара името на Тодор Петров

Loading...

Срамно е што СДСМ не го изговара името на Тодор Петров, кукавички нападнатиот и претепан претседател на Светскиот Македонски Конгрес. 
Доколку СДСМ бега од вистината уште еднаш јасно им укажуваме: Тодор Петров е тој што беше брутално нападнат и претепан.
Уште посрамно е што СДСМ се јавува со соопштение наместо Оливер Спасовски кој e платен за тоа и покрај сопствената неспособност и неодговорност.
Граѓаните многу добро знаат дека Оливер Спасовски за четири месеци освен што работеше на конструкција на случаи заедно со неговиот сопартиец Чауш и што со Катица Јанева договараа незаконско апсење на единствениот македонски градоначалник надвор од земјава Едмонд Темелко, не сработе ниту едно единствено нешто за кое добива плата од граѓаните.
Очигледно на Оливер Спасовски му е многу полесно да го апси Едмонд Темелко наместо напаѓачите на Тодор Петров.
Оливер Спасовски е најголем срам за македонската држава. Тој е синоним за кукавичлук, неработење и рушење на државните и национални интереси.
Оливер Спасовски е човекот кој ден по акцијата во Диво Насеље не отиде да ги посети повредените полициски службеници туку отиде да се фотографира на местото каде што гинеа македонските херои.
ВМРО-ДПМНЕ бара Оливер Спасовски да ги пронајде, уапси и санкционира сторителите. Бруталното насилство врз Тодор Петров е доказ за наметнатата деструкција која СДСМ ја произведува во општеството и која веќе нема граници и излегува од контрола.
Главниот грев на Тодор Петров е дека поднесе иницијатива за оценување на уставност за формирањето на Специјалното јавно обвинителство и што низ легална процедура поднесе иницијатива за градење на крст во општина Бутел.
Последниот случај е доказ за хаосот во кој СДСМ ја втурна државата, но и хаосот во кој што се наоѓаат институциите кои СДСМ ги контролира.
Спасовски наместо да ги инструира неговите најблиски соработници да одат на протести пред Уставен суд и наместо да се занимава со сплетки и интриги, мора најитно да го реши овој случај.
  
Доколку СДСМ бега од вистината уште еднаш јасно им укажуваме: Тодор Петров е тој што беше брутално нападнат и претепан.

loading...
Loading...