ГЕРМАНЦИТЕ ДО МИЦКОВСКИ: Опозицијата да не троши време и да ги прифати уставните измени до септември

Специјалниот претставник на германската влада за Балканот Мануел Сарацин по средбата со вицепремиерот Бојан Маричиќ порача дека Македонија е на вистинскиот пат да ја реализира својата стратешка цел, но во следниот период мора да се фокусира на обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка, владеењето на правото, независното судство и борбата против корупцијата, за да ја задржи динамиката на напредок кон ЕУ.

Ѝ порача на опозицијата да не губи време и да ги прифати уставните измени до септември.

Според него многу важно е да има политички консензус и проактивност од сите политички партии за евроинтегративниот процес.

Пронајдете не на следниве мрежи: