Гувернерот на Харковската област: Украина контролира околу 60 отсто од градот Вовчанск

Украинските власти денеска објавија дека се уште контролираат околу 60 отсто од пограничниот град Вовчанск во североисточниот регион Харков, што во последните недели беше под силна руска офанзива.

„Непријателот се уште се обидува да ги истисне украинските вооружени сили надвор од градот. Украинските сили контролираат околу 60 отсто од територијата на градот, но тоа не значи дека нападите престанале“, изјави гувернерот на регионот Харков, Роман Семенуха.

На 10 мај Русија почна офанзива во областа Харков, а руското Министерство за одбрана објави дека руската армија зазела неколку населени места во областа.

Пронајдете не на следниве мрежи: