Еве го првиот настан на Трн.мк – “Боцни си кирилица” на 22 мај



Многумина нѐ прашаа зошто не организираме друштвени настани? Не одговоривме никому ништо, туку седнавме, мислевме и еве го одговорот. 

Во очи празникот “Св. Кирил и Методиј” ве каниме на првиот Трн настан. 

На 22 мај, среда, од 20 часот сме во Бруталиск. 

Дојдете и “боцнете” од кириличното мени:

– Јовица Михајловски со кириличен поздрав

– Емин Џијан со музичка подлога и диџејски сет

– Ивана Павлаковиќ и Несрин Таир со изведба на народно творештво собрано од Цепенков

– ТеатроСк со статус од собирачот на народно творештво 

– Давор Кешкец ќе црта кирилица во живо

– ИнДог со свои диџејски перформанс

БОЦКАМЕ на КИРИЛИЦА

22 мај, среда, 20 часот

Бруталиск

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: