Најнова вест: Уапсен е Наке Георгиев кој работи како Врховен Судија!

Криминалната полицијата на МВР и Одделот за борба против организиран криминал попладнево го уапсија Наке Георгиев кој работи како Врховен Судија.

Уапсен е поради пријава за мито од 10 илјади евра.

Сомнежот е дека тој ветувал олеснителни мерки во судската постапка која се води против екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој беше повторно уапсен овој пат за шверц на марихуана.

Уапсениот судија стана познат во јули минатата година кој како струмички кадар екпресно брзо напредуваше заедно со неговиот син Кирил кој беше избран за судија во Основиот суд.

На седницата на Судскиот совет, откако синот беше избран за судија кривичар во Скопје, Наке Георгиев поднесе оставка од член на Судскиот совет.

Синот беше еден од 25-темина нови судии кои на седница беа избрани по отворените огласи за основни судови во неколку градови во земјава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.