Не сме потпишале заедничка декларација како што тврди Али Ахмети



Али Ахмети сонува – вели лидерот на Алтернатива, дел од коалицијата „Вреди“, тврдејќи дека не потпишал декларација во која е наведено дека партиите на Албанците ќе бидат дел само од влада што ќе ги спроведе уставните измени

Не е точно дека сме потпишале декларација дека нема да влеземе во влада која нема да ги направи уставните измени. Со вакво тврдење во емисијата „360 степени“ на МРТ 1 излезе Африм Гаши, лидер на Алтернатива, која е дел од коалицијата „Вреди“.

Гаши додаде дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, сонува и дека бара начин како да остане на власт.

„Не е точно. Ако е точно, тој треба да го покаже тоа писмо. Каде е тоа писмо? Ако го има, нека го покаже. Тој читаше некое писмо што сме го виделе, циркулираше во одредени кругови, но нема наш потпис. Тој можеби ставил потпис, ама такви писмо нема. Тој си сонува, гледа ничин како да остане на власт, но Албанците му кажаа дека треба да оди во опозиција и треба да го прифати тоа. Завршена е играта“,

вели Гаши.

Лидерот на Алтернатива рече дека на првата средба, од ВМРО-ДПМНЕ го повториле ставот од изборната програма дека немаат проблем со Бугарите во Уставот, туку имаат проблем со гаранциите.

„Во политиката секогаш има решение и компромиси. Верувајте ми дека се наоѓаат решенија. Мислам дека треба да се седне и да се разговара суштествено и искрено и јас мислам дека ќе се најде одговор“,

вели тој.

Али Ахмети пред два дена прочита текст на декларација која, според него, ја потпишале заедно со Арбен Таравари, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити на 13 јануари годинава, во која е наведено дека тие ќе соработуваат само со политичките партии кои се согласни за спроведување на уставните измени.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: