Никогаш не го чувајте чоколадото на ова место во домот, повторуваме – никогаш!

Loading...

Можеби во текот на летото копнеете по коцка ладно чоколадо, но експертот Сара Хартнет тврди дека чоколадото никогаш не треба да го ставате во фрижидер.
Имено, нејзиниот совет е да го консумирате само ако стои на собна температура.
Како што истакнува, ако се чува во фрижидер, чоколадото може да има различен вкус, односно може да ја прими аромата на храната што е во фрижидерот.


-Сигурно не сакате чоколадото да има вкус како кромид или лук, вели Сара.
Друг дел од нејзиниот совет е како да консумирате чоколадо. Таа вели дека коцката чоколадо треба да ја мириснете пред да ја ставите во уста.
-Чоколадото се чувствува со повеќе сетила. Миризбата одредува приближно 80 проценти од нашиот вкус. Мирисот на чоколадо ќе ви го подготви сетилото за вкус и ќе ви ја навлажни устата, така што вкусот ќе биде сосема различен, рече таа.

loading...