Испораките на борбени авиони Ф-16 за Украина ќе бидат сигнал дека Русија ќе биде губитник, а колку побрзо се спроведе таа одлука, толку подобро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Првиот украински Ф-16 ќе биде еден од најсилните сигнали од светот дека Русија ќе ја изгуби својата агресивна војна. Ќе биде послаба и изолирана“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање, пренесе „Ројтерс“.
Според него, брзината на обуката и снабдувањето се најважни во заштитата на украинското небо.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.