Четврто издание на Скопскиот поетски фестивал

Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот од 29 мај до 1 јуни на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“.

Ќе гостуваат поети од Норвешка, од Ирска, од Словенија, од Грција, од Хрватска и од Србија, а ќе настапат и дваесетина домашни поети. Официјалното отворање е закажано за 30 мај во 20:00 часот во МКЦ со настанот наречен „Борба. Не војна!“

Во програмата на фестивалот се опфатени неколку поетски читања, како и промоции на книги, ликовна изложба, ќе бидат прикажани неколку поетски филмови, ќе се одржи мастерклас или работилница за снимање поетски филмови, а ќе се одржи и јога-час и поетско читање во природа за гостите од странство.

Во книжарнициата „Буква“ на 29 мај во 20 часот, ќе се случува настанот „Отскочна даска“ – поетско читање на млади поети на возраст од 16 до 25 години. Следниот ден на 30 мај во Младински културен центар ‒ Скопје, во бифето на МКЦ ќе има поетско читање и разговор со авторите Танос Гогос („Глазгов“) и Џејмс О’Лери („Сакрамент за болните“), модериран од Јулијана Величковска.

Официјалната прграма ќе започне во  Младинскиот културен центар ‒ Скопје, во кино „Фросина“ со театарски танцов перформанс на Енџи Николоска и Бојан Лазаров по мотиви од поезијата на учесниците „Сонцето денес не изгреа“, ликовна изложба на Тома Димовски и поетско читање на кое ќе учествуваат: Одвеиг Кливе (Норвешка), Марко Погачар (Хрватска), Танос Гогос (Грција), Вероника Динтињана (Словенија), Џејмс О’Лери (Ирска), Данило Лучиќ (Србија), Катица Ќулавкова, Славе Ѓорѓо Димоски, Викторија Ангеловска, Ивана Јовановска, Владимир Лукаш, Ива Петреска, Саранда Мехмеди, Наим Иљази, Александра Спасеска и избраниот млад поет/поетеса на Отскочна даска.

На 31 мај во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје од 11:00 до 12:00 часот ќе се одржи мастерклас работилница за поетски филмови наменета за млади, што ќе ја одржат Одвеиг Кливе и Бјорн Леив Гулбрандсен од Норвешка и Џејмс О’Лери од Ирска.

Во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, во кино „Фросина“ од 19:00 часот ќе има проекција на поетски филмови од Одвеиг Кливе (Норвешка) и Џејмс О’Лери (Ирска). Веднаш потоа ќе следи Интернационално поетско читање на кое ќе учествуваат Одвеиг Кливе (Норвешка), Марко Погачар (Хрватска), Танос Гогос (Грција), Вероника Динтињана (Словенија), Џејмс О’Лери (Ирска), Данило Лучиќ (Србија) и Катица Ќулавкова (Македонија).

На први јуни е предвидена прошетка во околината на Скопје и поетско читање во природа за гостите од странство. Јога-час ќе држи од Љубица Митревска.

Годинешното издание на фестивалот го овозможи Министерството за култура, а негови помагатели се Младинскиот културен центар ‒ Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје, кафе-книжарницата „Буквa“, Хрватското друштво на писатели (HDP), ПНВ Публикации и Хотел Цара 1928.

Пронајдете не на следниве мрежи: