Ова е најубавиот фустан од црвениот тепих во 2018

На „модниот Оскар“ одржан во Лондон, неодамна се прогласени најдобрите дизајнери и модели на годината, а избран беше и главниот фустан за 2018 година.
Мислењето на експертите од модната индустрија беше едногласно. Фустанот кој во историјата ќе влезе како најубав за 2018 година е луксузниот бордо-златен модел на Версаче во кој Блејк Лајвли се појави на Мет Гала минатата година.


Мајсторите на модната куќа поминале над 600 часа во изработка на фустанот, станува збор за модел со долга „опашка“ украсен со разно изработен вез и скапоцени камења.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.