Торта со бадеми

ЗА ПАНДИШПАН
5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
1 прашок за печиво
ЗА ФИЛ
5 јајца
200 г шеќер
200 мл млеко
200 г маргарин
250 г мелени бадеми
2 кесички шлаг
200 мл млеко
Јајцата изматете ги со шеќерот. Додадете ги брашното и прашокот за печиво, и измешајте ја смесата со лажица. Нанесете ја во тава, прекриена со хартија за печење и испечете пандишпан.

Од млекото, шеќерот и 5 жолчки сварете крем и изладете го. Маргаринот изматете го со миксер. Додадете ги кремот и бадемите, и изматете го филот.
Нанесете го на пандишпанот, а потоа нанесете го изматениот шлаг.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.