Препознајте ги луѓето по нивните прдежи

Можеби изгледа смешно, но сепак можете да ги препознаете луѓето по нивните прдежи. Прочитајте ги карактеристиките и можеби ќе препознаете некого…

Ако ништо друго, сигурно во оваа статија ќе најдете интересна тема која ќе ве насмее во друштво!

Културен: Прди и вика ‘Пардон!’

Дволичен: Прди и прашува:’Кој прдна?’

Циничен: Прди и те гледа право во очи!

Кавалер: Ја пушта дамата прва да прдне.

Песимист: Уште не прднал, а мисли дека се усрал!

Оптимист: Прди и се надева дека нема никој да го чуе!

Безобразен: Прди од задоволство!

Сноб: Прди само во добро друштво.

Чувствителен: Прди и вика ‘Ахх!’

Сентиментален: Прди и мисли како би било да не прднеше.

Нестрплив: Едвај чека да прдне!

Добро воспитан: Прашува пред да прдне.

Дискретен: Прди и вика: ‘Нека остане меѓу нас!’

Реалист: Го смета прдењето за природна работа.

Егоист: Прди само за себе.

Глумец; Прди и чека аплауз.

Срамежлив: Прди и се вцрвенува.

Таинствен: Тој не прди, тој пува!

Лажливец: Прди и вика: ‘Со уста прднав!’

Флегматичен: Прди долго….

Колегијален: Дозволува и другите да прднат!

Штедлив: Прди само во затворена соба.

Шегобиец: Прди и вика: ‘Кој прди, зло не мисли!’

Неспособен: Потпрднува цел ден и никако да прдне.

Пензионер: Прди и вика: ‘Во негово време, подобро се прдело!’

Баксуз: Прди и се усерува во гаќи.

Фалбаџија: Прди јако за сите да го чујат!

Наивен: Прди и мисли дека направил добро дело.

Гурман: Прди и вика: ‘Баш убаво мириса!’

Спортист: Ако некој прднал еднаш, тој ќе прдне два пати за да го собори рекордот!

Пронајдете не на следниве мрежи: