Вицови за Трпе и Трпана

·         Трпана оди на доктор и му вика:

– Докторе за мојава килажа, колку треба да сум висока?
– Па едно 4 ипол метра.
– Ете, им викам јас ниска сум, а они запнале дебела па дебела!

·         Учителката му вика на малиот Трпе:
– Трпе, затвори го прозорот, надвор е ладно.
А Трпе и вика:
– Учителке, надвор ќе биде ладно и ако го затворам прозорот.

·         Цветко го прашува Трпе:
– Абе, што си таков во окото?
– Инфекција од мислење…
– Како бе од мислење?
– Епа така, мислев дека Трпана ќе ме промаши со пепељарата.

·         Малиот Трпе го прашува татко му:
– Тато, постојат ли духови?
– Не, сине!
– Ама тато, слугинката ми кажа дека постојат…
– Сине, пакувај стварите, си одиме од овде. Ние немаме слугинка.

·         Наставничката го прашува малиот Трпе:
– Трпе каде ти е домашната?
– Немаме веќе од домашната наставничке, ја испивме, само купечка ракија имаме.

* Оди Трпе во болница и таму имало двајца лекари едниот бил песимист другиот оптимист.Оди прво кај песимистот:

– Докторе имам проблеми со желудникот, а и главата многу ме боли!
– Да не пиеше ти синоќа?
– Да.
– Ааа готов си ти, ти нема спас, алкохолот се ти изгорел.
– Ама докторе имам уште еден проблем НЕ МИ СТАНУВА.
– Ауууу готово, крај е со тебе.
Излегува Трпе разочаран и си вика, ај да пробам и кај оптимистот, може он знае некој лек.
– Докторе ме изгоре зелудникот, а и главата ми пука.
– А ти сигурно имаш пиено сношти. Е ништо не ти е, оди сега напиј се уште една… клин со клин се вади.
– Ама докторе имам уште еден проблем, ЦЕЛО ВРЕМЕ МИ ВИСИ.
– Што збориш бе, не е можно, ај соблечи се и рашетај се низ ординацијава да те видам.
Трпе се соблекува како од мајка роден.
– Абе Трпе стварно ти виси, ама не се секирај, знаеш колку убаво ти личи!

Пронајдете не на следниве мрежи: